• вторник, 22 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Прждево со месеци е без вода за пиење, реагираат жители на селото 

Прждево со месеци е без вода за пиење, реагираат жители на селото 

Демир Капија, 19 јуни 2025 (МИА) - Прждево со месеци е без вода за пиење, реагираат жители на селото.  

- Истиот проблем го имавме и лани и на температури од 45 степени и тоа последователно цело лето. Тогаш ни рекоа дека издашноста на бунарот била мала и не можеле да се задоволат дневните потреби на селото. Добивавме уверувања дека ќе се прави нова бушотина или ќе се зајакнува постоечкиот бунар со алтернативен извор кој е со помала издашност од постоечкиот. Истиот проблем го имаме и сега, појаснија тие за МИА. 

Градоначалникот на Демир Капија Лазар Петров за МИА рече дека денеска местеле некоја посоодветна пумпа. 

- Исто така спремаме документи за да направиме нова длабока бушотина и да се реши целосно проблемот, подвлече тој. свд/мд/


Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан