• петок, 05 декември 2025

Градоначалникот на Пехчево, Китански ја најави изградбата на градска капела

Градоначалникот на Пехчево, Китански ја најави изградбата на градска капела

Пехчево, 19 јуни 2015 (МИА) - Во Пехчево во тек е тендерска постапка за отпочнување на проектот за изградба на градска капела. Како што изјави денеска за МИА, градоначалникот на Општината, Александар Китански реализирањето на проектот се реализира на барање на граѓаните.

-Со чувство на почит кон традицијата и достоинството на секој човек,  информираме дека Општина Пехчево започнува со реализација на проектот „Изградба на градска капела“. Капелата ќе се гради о близина на градските гробишта во Пехчево, а проектот е во фаза на  тендерска постапка, информираше Китански.

Проектот, како што додаде, исто така е дел од неговата програма за реализација за оваа година.

-Реализирањето на овој проект е по барање на граѓаните на Општина Пехчево, а воедно и значи реализирање на мојата програма како градоначалник на Општина Пехчево. Тендерот е објавен согласно сите законски процедури и е достапен на системот за јавни набавки, додаде Китански. 

Средствата за реализација на овој проект како што додаде се обезбедени од Буџетот на Општина Пехчево. вс/вј/

Фото: Општина Пехчево

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан