Момче приведено оти фрлало јајца кон Чарлс Трети
- Тоа се случило во Јорк. Момчето, пред да интервенира полицијата, фрлило три јајца врз брачниот пар, но не ги погодил. Притоа, тој извикал: „Оваа земја е изградена со крвта на робовите!“
Јорк, 9 ноември 2022 (МИА) - Млад човек денеска е уапсен затоа што со јајца ги гаѓал кралот британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила при нивната прошетка во Северна Англија.
Тоа се случило во Јорк. Момчето, пред да интервенира полицијата, фрлило три јајца врз брачниот пар, но не ги погодил. Притоа, како што пренесува „Гардијан“, тој извикал: „Оваа земја е изградена со крвта на робовите!“ Потоа четворица полицајци го собориле на земја и го привеле, а луѓето од толпата викале: „Боже, чувај го кралот!“ и „Срам да ти е!“. Чарлс дојде на кралскиот престол во септември по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора. Деновиве тој е на дводневна турнеја низ Северна Англија, па со кралицата Камила се во Јорк за да присуствуваат на откривањето на статуа на неодамна починатата кралица. Тоа ќе биде прва статуа со нејзиниот лик поставена по нејзината смрт. си/