• понеделник, 16 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Совети за долготрајност на батеријата кај паметните телефони

Совети за долготрајност на батеријата кај паметните телефони

Лос Анџелес, 10 март 2025 (МИА) - Кај штотуку купен, нов паметен телефон, сè работи совршено, но по година - две, батеријата почнува да гасне брзо... Ако ова звучи познато, причината за тоа, најверојатно, е неправилно и неквалитетно полнење.

Така, први за отстранување од секојдневието се евтините полначи. Компанијата „Епл“ (Apple) со години предупредува дека користењето неоригинални полначи може да биде опасно е не само за батеријата туку и за Вашиот живот. Буквално: „Полнењето со несертифицирани адаптери може да претставува ризик од повреда или смрт“, се наведува во упатствата. Затоа, ако не сакате пожар во домот, се користат оригинални и сертифицирани полначи.

Уште поголем проблем е полнењето на батеријата до 100 отсто. Совет: Не ја полнете до крај, препорачува порталот „Индекс“.

Полнењето на батеријата до крај, се вели, го забрзува нејзиното абење и ѝ го намалува капацитетот. Во совршен случај, границата треба да се постави на 95 отсто. „Епл“ го предвиде овој проблем, па поновите „Ајфон“ модели имаат и вградена опција „Оптимизирано полнење на батеријата“ (Optimized Battery Charging). Оваа опција го спречува полнењето над 80 отсто во одредени ситуации, а со тоа го намалува и трошењето на батеријата.

Кај паметните телефони „Ајфон 15“, и поновите, корисникот може да постави ограничување за полнење. И „ИОС“ препорачува оптимален процент, којшто најверојатно ќе биде токму - 95 отсто.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан