• четврток, 11 јули 2024

МНР: Сите наши државјани да го напуштат Либан, постои можност за натамошно влошување на ситуацијата

МНР: Сите наши државјани да го напуштат Либан, постои можност за натамошно влошување на ситуацијата

Скопје, 23 јуни 2024 (МИА) - Министерството за надворешни работи ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во Либан, во првата можна прилика да ја напуштат оваа држава поради влошенета безбедносна ситуација.

МНР воедно апелира, да се одложат сите патувања кон Либан кои не се неопходни.

-Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Либан. Како и секогаш, ние ги ставаме сите свои капацитети за асистенција на нашите државјани, наведува МНР и посочува на СОС дежурниот телефон +389  75 268 736, како и на електронската адреса: globalsos@mfa.gov.mk. мч/мд/

фото: МИА архива

Остани поврзан