• сабота, 11 мај 2024

МНР на Црна Гора се огради од Парламентот во врска со настаните за време на посетата на Додик

МНР на Црна Гора се огради од Парламентот во врска со настаните за време на посетата на Додик

Подгорица, 4 март 2024 (МИА) - Министерството за надворешни работи на Црна Гора се огради од потезите на претседателот на Парламентот на Црна Гора Андрије Мандиќ и службите на Парламентот во врска со настаните за време на посетата на претседателот на Република Српска Милорад Додик.

Во одговорот на протестната нота на Министерството за надворешни работи на БиХ се наведува дека МНР на Црна Гора не учествувало во организацијата и придружните протоколарни активности поврзани со посетата на претседателот на РС Милорад Додик и дека посетата била организирана од службите на Собранието на Црна Гора на чело со Андрија Мандиќ.

Во документот потпишан од министерот Филип Ивановиќ, Министерството за надворешни работи на Црна Гора посочува дека за „пропустот“ го известиле Собранието на Црна Гора затоа што покрај ентитетот РС не го истакнале знамето на државата Босна и Херцеговина.

Во одговорот се наведува дека Владата на Црна Гора го поддржува интегритетот, суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ како и сите државни обележја и историски континуитет со надеж дека овој настан нема да влијае на пријателските и добрососедските односи меѓу БиХ и Црна Гора. паг/

Фото: МИА архива



 

Остани поврзан