Млади од Кавадарци продаваа декоративни честитки, собраните пари се за помош на социјално загрозено семејство
- Станува збор за тимот „Искра надеж“ од основното општинско училиште „Тошо Велков - Пепето“. Годинава имаме шест тимови со исто толку проекти, од шест основни училишта во градот, појасни за МИА, Ристе Трајков, дисеминатор на ПХВ-програмата.
Кавадарци, 7 март 2026 (МИА) - Млади од Кавадарци денеска продаваа декоративни честитки на градскиот плоштад, собраните пари се за помош на социјално загрозено семејство. Настанот беше во рамките на хуманитарен проект што го реализираат младите волонтери при Црвениот крст во Кавадарци, а во склоп на програмата за промоција на хумани вредности.
- Станува збор за тимот „Искра надеж“ од основното општинско училиште „Тошо Велков - Пепето“. Годинава имаме шест тимови со исто толку проекти, од шест основни училишта во градот, појасни за МИА, Ристе Трајков, дисеминатор на ПХВ-програмата.
Даниела Лазовска, секретар во Општинската организација на Црвениот крст, подвлече дека секоја година имаат хуманитарни акции во рамките на оваа програма со што помагаат на најразлични начини на луѓето кои имаат потреба од помош и поддршка. Притоа потсети дека кавадаречките млади секогаш се на врвот по реализираните хумани активности, а пред некоја година беа избрани и за најдобри во државата, кога станува збор за промоцијата на хуманите вредности и спроведувањето на проекти за помош и поддршка за ранливи категории на луѓе. свд/
Фото: МИА