• петок, 15 ноември 2024

Мишко Барзов во акција за промена на возачките навики и инвестирање во еколошки автомобили

Мишко Барзов во акција за промена на возачките навики и инвестирање во еколошки автомобили
Број на објава: 657/04/21 Датум: 20.04.2021 Клучни зборови: „Зелено светло за „зелен“ транспорт“, UNDP    Во рамките на кампањата за активно вклучување во климатските акции „Зелено светло за „зелен“ транспорт“ поддржана од UNDP и Министерството за животна средина и просторно планирање, се вбројуваат низа активности кои треба да ја подигнат свеста на населението за изворите на стакленичките гасови, како и итната потреба од нивното намалување или потполно елиминирање. За таа цел, чест ни е да ви го претставиме краткиот видеоспот во кој учествува Мишко Барзов, искусен познавач на автомобилизмот и долгогодишен уредник и водител на емисијата „Авто магазин“. Во него, тој ја нагласува потребата од инвестирање во еколошки автомобили и менување на возачките навики во правец на намалување на емисиите на стакленички гасови и ублажување на климатските промени. Поддржувачите на кампањата „Зелено светло за „зелен“ транспорт“ нагласуваат дека климатските акции се особено потребни во периодот на пандемија и ја потенцираат важноста од вртење кон еколошки транспорт. Иако емисиите на стакленички гасови бележат намалување поради редуцираното движење за време на локдаунот, се очекува тие да достигнат брз пораст со рестартирањето на економијата, а напорите за декарбонизација да се соочат со сериозен удар. https://www.youtube.com/watch?v=OSyb0zYnMuM   За повеќе информации посетете ја веб страната https://klimatskipromeni.mk/   МИА - ОТС Комерцијални соопштенија  Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Остани поврзан