• недела, 28 април 2024

Мишел: Со изјавата дека е во војна со Украина, Москва го призна она што го тврдиме од почетокот на инвазијата   

Мишел: Со изјавата дека е во војна со Украина, Москва го призна она што го тврдиме од почетокот на инвазијата   

Брисел, 22 март 2024 (МИА) - Изјавата на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков дека „Русија е во војна со Украина“ е доказ за она што ЕУ го говори цело време од стартот на руската инвазија врз земјата, истакна денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.  

- Со оваа тие признаваат дека она што го презедоа против Украина не е специјална операција, туку дека е војна, рече Мишел на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по завршувањето на дводневниот Самит на ЕУ во Брисел.   

Според Мишел, ваквата „цинична изјава“ на Песков е особено значајна затоа што конечно по две години Москва призна дека станува збор за војна, иако досега преземаше казнени мерки против оние кои го тврдеа тоа.   

Мишел нагласи дека ова признание ја докажува релевантноста на вчерашните одлуки на Самитот на ЕУ поврзани со поддршката за Украина и со развојот на европската одбранбена стратегија.  

- Тие ја покажуваат нашата посветеност да работиме на одбрана на мирот и стабилноста, преку зајакнување и подобрување на одбранбените капацитети на Европа, додаде Мишел.   

Тој потенцира дека на европските граѓани мора јасно да им се порача дека ако ЕУ сака да ги заштити мирот и стабилноста, мора да работи на зголемување и подобрување на својата одбранбена подготвеност и капацитети.  

Според него, ЕУ досега се базираше на просперитет, економска соработка и споделување на заеднички вредности, но новата реалност ја наметна потребата таа да се посвети и на зајакнување на столбовите на својата безбедност и одбрана.   

Фон дер Лајен, од своја страна, нагласи дека Русија е во војна со Украина од 22 февруари 2022 година, а денешниот коментар само докажува дека Кремљ го предаде руското население, од кое две години ги криеше фактите, негирајќи дека се во војна.  

Песков во интервју за медиумската куќа „Аргументи и факти“ изјави дека Русија се нашла во воена состојба.  

- Да, тоа почна како специјална воена операција, но штом се формираше целата оваа банда, кога колективниот Запад учествуваше во сето ова со Украина, тоа стана војна за нас, изјави Песков.  

Според него, де јуре тоа е специјална воена операција, но де факто се претворило во војна. сп/

Фото: ЕБС

Остани поврзан