• петок, 22 ноември 2024

Мицкоски од Штип: Одговорност мора да има и ќе има за случајот „онкологија“

Мицкоски од Штип: Одговорност мора да има и ќе има за случајот „онкологија“

Штип, 1 февруари 2024 (МИА) – Апсолутно ќе има одговорност за случајот „онкололгија“. Одговорност мора да има и ќе има, но не со холивудски апсења, туку со јасен процес. Ако ВМРО - ДПМНЕ не влезе во жестока битка со криминалот, граѓаните ќе се разочарат и ќе си заминат, порача претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната трибина во Штип насловена Здравствена платформа за иднина на тема „Концепт за здравство“.

- Оние малкумина кои што го злоупотребуваат здравствениот денар, оние малкумина кои што мислат дека на здравјето на пациентите ќе злоупотребуваат и лично ќе се богатат, јас ви ветувам дека ќе бидат санкционирани и ќе бидат изведени пред лицето на правдата со докази. Се разбира нема тоа да биде политичка хајка бидејќи ВМРО-ДПМНЕ нема намера да организира спектакуларни холивудски апсења како што тоа беше одлика на некои минати времиња. напротив со јасни аргументи и докази имаме веќе индиции и ќе кажеме кои се тие малкумина, за да не го валкаат името на многумината чесни кои се грижат за нашите пациенти. И ќе покажеме дека не се сите исти бидејќи тоа е нашата максима, дека не се сите исти. И тоа мора да го направиме веднаш, офанзивно уште во првите неколку месеци од идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.

Тој на денешната трибина истакна дека можеби и како во сите области, така и во здравството не ни треба рестарт, туку ни треба една трансформација.

-Целосна трансформација затоа што времето како да не го следиме, и сега сето тоа кога ќе му при додадеме лошо менаџирање посебно последните 6 години од владата на СДСМ и ДУИ, тогаш рестартирањето не би било соодветна мерка која што идната влада на ВМРО-ДПМНЕ би требало да го направи. Нас ни треба целосна трансформација, рече Мицкоски во неговото обраќање на денешната дебата во Штип.

Мицкоски се наврти од самиот почеток на Владата на СДСМ и ДУИ и, како што рече „ветуваа живот, а донесоа смрт“. Посочи дека  според сите истражувања здравството е втора тема само во земјава, која ги мачи граѓаните и нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се погрижи сите граѓани да добијат соодветна здравствена нега и услуга која што ја заслужуваат онака како што треба.

-Само во Македонија здравството е втора тема која што ги мачи граѓаните како проблем и тоа да ни биде нас своевиден мотив како политичка гарнитура како тоа воопшто да не биде тема, односно сите граѓани да добијат соодветна здравствена нега и услуга која што ја заслужуваат онака како што треба, додаде Мицкоски.

Мојата суштинска порака е дека ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже поинаков пристап со здравството, вели Мицкоски и најави дека оние кои што на маката и здравјето на пациентите ќе се богатат ќе бидат санкционирани и ќе бидат изведени пред лицето на правдата со докази. вдј/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан