Михаиловски: Глас за Пендаровски е глас за европска иднина на младите
- СООПШТЕНИЕ - Гласот за СДСМ и за Стево Пендаровски е глас за европската иднина на младите, вели претседателот на СДММ, Марко Михаиловски.
![Михаиловски: Глас за Пендаровски е глас за европска иднина на младите](https://mia.mk/images/20240410145434_big_730x400_60.webp )
Скопје, 10 април 2024
СДСМ во изминатите години направи грешки и ние го признаваме тоа.
Спремни сме да учиме од нашите грешки и да се менуваме.
Сепак, една многу важна работа ја направивме правилно – Македонија стана членка на НАТО и успешно ја водиме државата кон Европската Унија.
Членството во Европската унија е важно за иднината на Македонија но пред се и над се за иднината на младите.
Тоа е единствената шанса за вистински промени и напредок каков што очекуваат младите.
Со членство во ЕУ можеме да ги подобриме состојбите во образованието, судскиот систем, здравството.
ДПМНЕ и Силјановска ќе го закочат, ќе го блокираат патот кон ЕУ а младите немаат време за губење
Гласот за СДСМ и за Стево Пендаровски е глас за европската иднина на младите.
Глас за нови можности за младите, подобро образование, пристап до финансии и фондови, за нови и добро платени работи места, за подобар животен стандард, тука, дома.
Младите не се откажуват од иднината.
Претседател на СДММ, Марко Михаиловски
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.