Мисајловски се сретна со амбасадорката на Романија Аксинте
- Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска оствари средба со амбасадорката на Романија Моника Аксинте и со одбранбеното аташе полковникот Каталин - Петре Арчип, на која беше потврдена успешната соработка меѓу двете сојузнички земји.
Скопје, 12 август 2024 (МИА) - Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска оствари средба со амбасадорката на Романија Моника Аксинте и со одбранбеното аташе полковникот Каталин - Петре Арчип, на која беше потврдена успешната соработка меѓу двете сојузнички земји.
Мисајловски, како што информира Министерството за одбрана, упати благодарност за помошта што Романија ни ја пружи во справувањето со пожарите со упатување на два специјални авиони и тимови за гаснење пожар.
- За време на средбата, што се одржа во Министерството за одбрана, се разговараше за регионалната соработка која е од особено значење за стабилноста на регионот, како и за можностите и унапредување на билатералната одбранбена соработка преку размена на експерти на полето на односи со јавност, кризни состојби, одбранбеното право, како и стручното оспособување, се наведува во соопштението. мд/ац/
Фото: Министерство за одбрана