Министрите за одбрана на Јапонија и Јужна Кореја го осудија распоредувањето на севернокорејските војници во Русија
- Министрите за одбрана на Јужна Кореја и Јапонија, Ким Јонг Хун и генерал Накатани го осудија распоредувањето на севернокорејски војници во Русија, објавија светските агенции, повикувајќи се на соопштение на Министерството за одбрана во Сеул.
Сеул, 21 ноември 2024 (МИА) - Министрите за одбрана на Јужна Кореја и Јапонија, Ким Јонг Хун и генерал Накатани го осудија распоредувањето на севернокорејски војници во Русија, објавија светските агенции, повикувајќи се на соопштение на Министерството за одбрана во Сеул.
Двајцата за време на состанокот на министрите за одбрана на Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Лаос се согласиле јапонскиот министер за одбрана, генерал Накатани да ја посети Јужна Кореја до крајот на годината.
Јужна Кореја, исто така, планира да воведе забрана за патување во руската област Курск, која се наоѓа во близина на украинската граница, соопшти Министерството за надворешни работи во Сеул. рп/
Фото: МИА архива