Министер за полиција на Косово: Владата на Србија го финансира тероризмот
![Министер за полиција на Косово: Владата на Србија го финансира тероризмот](https://mia.mk/images/20240618143921_big_730x400_76.webp )
Приштина, 18 јуни 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечља денеска изјави дека во време кога српската влада го финансира тероризмот, неопходно е да се инвестира во безбедна иднина на Косово, пренесе Бета.
Свечља на Фејсбук објави дека заедно со високи претставници на Министерството за одбрана на Косово и на косовската полиција го посетил најголемиот саем на безбедносната индустрија „Евросатор“ во Париз.
„Ќе го посетиме саемот со цел да ја подобриме нашата армија и полиција. Во овие тешки времиња со многу предизвици за демократијата и безбедноста ширум светот и со влада како што е српската, која го поддржува и финансира тероризмот, потребно е инвестирање во сигурна иднина“, напиша тој. зш/