• понеделник, 23 декември 2024

Министерството за спорт ќе ја реконструира спортската сала во кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Министерството за спорт ќе ја реконструира спортската сала во кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Скопје, 16 септември 2024 (МИА) - Министерот за спорт Борко Ристовски со тим од министерството, денеска во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје одржал состанок со ректорката на Универзитетот, Биљана Ангелова и со работната група составена од професори експерти во делот на градежништвото, архитектурата, електротехниката и машинството, на кој се утврдил акционен план за реализација на проектот за ставање во употреба на спортската сала „Св. Кирил и Методиј“ во кампусот на Универзитет. Како што соопшти Министерството за спорт, целта е оваа сала во која настава ќе изведуваат студентите на Универзитетот, во најкраток можен рок да биде ставена во функција.

Министерството за спорт соопшти дека обезбеди средства во буџетот за реконструкција на салата која е од особено значење за спортот бидејќи во неа ќе се изведува настава за над 1.500 студенти на Универзитетот.

-Во интерес на непреченото одржување на наставата, тренинзите и другите спортски активности на УКИМ, Министерството за спорт ќе се заложи во најкраток можен рок оваа сала да биде ставена во функција, за бенефит да имаат спортот и сите студенти на УКИМ, истакна министерот Ристовски.

Реконструкцијата на салата ќе се одвива во неколку фази и се очекува во најкраток рок таа да биде подготвена за потребите на студентите на Универзитетот. Салата ќе биде во сопственост на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје согласно склучениот Договор. дма/аа/

Фото: Министерство за спорт 

Остани поврзан