• петок, 22 ноември 2024

Министерот Спасовски на трибина со Сојузот на борци

Министерот Спасовски на трибина со Сојузот на борци
Скопје, 10 февруари 2023
 
Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на покана на Сојузот на борци од Народноослободителна антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи, учествуваше со свое обраќање на трибина по повод Февруарскиот поход. Осврнувајќи се на значењето и наследството од Февруарскиот поход, министерот Спасовски го карактеризираше како пресвртница во воено-стратешкиот план после кој се динамизира патот до конечна победа на Народноослободителна војска и одржување на Првото заседание на АСНОМ, но и како доказ за самосвеста на македонскиот народ.-Во тие денови на траење на операцијата од 31 јануари до 24 февруари 1944 година била демонстрирана силната и непоколеблива волја, победничкиот морал и слободарски дух на припадниците на партизанското движење на Македонија изразен со високата политичка свест на борците и на населението за постигнување на крајната цел – создавање македонска држава, рече министерот Спасовски.Министерот Спасовски истакна дека иницијативата на Сојузот на борци на Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија говори за тоа дека антифашистичката борба има масовен општонароден карактер во Македонија, дека антифашизмот е принцип на македонската борба.-Хероите кои се тука присутни и денеска нè потсетуваат дека слободата никому не му е подарена, а визијата на секој лидер е да ја чува и негува татковината, да носи вистински одлуки во вистинско време што особено беше потребно во реализацијата на нашата стратешка определба како држава со зачленувањето во НАТО и кон нашата истрајност за полноправно членство на земјава во ЕУ, истакна министерот Спасовски.На крајот од своето обраќање, министерот Спасовски во свое и во име на Министерството за внатрешни работи, изрази должна почит и благодарност кон сите членови на Сојузот на борци од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија, со желби следната година светлиот Јубилеј - 80 години од Февруарскиот поход да биде одбележан онака како што доликува на една современа држава со европски вредности.
 
Видео обраќање Спасовски:
 
 
Министерство за внатрешни работи
 
 

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан