• недела, 22 декември 2024

Честитка од претседателот на Собранието Гаши за Денот на албанската азбука

Честитка од претседателот на Собранието Гаши за Денот на албанската азбука

Скопје, 22 ноември 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието Африм Гаши го честита Денот на албанската азбука на кој, како што вели, „се потсетуваме на историски момент кој го означува крајот на Битолскиот конгрес и го отелотворува идентитетот на албанскиот народ“.

-Како претседател на Собранието на Северна Македонија, каде што Албанците се државотворен народ, овој празник и албанскиот јазик ги ценам како камен-темелник на општеството и етничката различност и се залагам да се обезбеди еднакво третирање и почитување на секое ниво на институционалното и општественото живеење. За мене како Албанец, овој ден претставува неразделива суштина на мојот идентитет, што ме прави горд. На сите Албанци насекаде низ светот, честит 22 Ноември, пишува Гаши во честитката. хс/дма/

Фото: МИА архива 

 

 

 

Остани поврзан