• вторник, 16 април 2024

Министерот Османи во Турција на Анталија дипломатскиот форум

Министерот Османи во Турција на Анталија дипломатскиот форум

Скопје, 1 март 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи, Бујар Османи престојува во работна посета на Република Турција, по повод учество на Анталија дипломатскиот форум, соопштија денеска од Министерството за надворешни работи.

На форумот, Османи, како што е најавено, ќе има обраќање на панелот насловен „Предизвици и можности на Балканот“, посветен на последните геополитички случувања на Балканот, специфичните предизвици и можните решенија кои ќе гарантираат стабилност и мир во регионот, како и улогата на регионалните иницијативи и нивниот придонес кон решавање на отворените прашања.

На маргините на дипломатскиот форум во Анталија, Османи треба да оствари билатерални средби со негови колеги од различни земји. цр/са/

Фото: МНР

 

Остани поврзан