• вторник, 05 ноември 2024

Министерот Лога се сретна со претседателот на ЕВРОПРАВДА, Ладислав Хамран во Хаг

Министерот Лога се сретна со претседателот на ЕВРОПРАВДА, Ладислав Хамран во Хаг

Скопје, 15 февруари 2024 (МИА) - Министерот за правда во техничката Влада, Кренар Лога одржа средба со претседателот на ЕВРОПРАВДА, Ладислав Хамран во Хаг, Холандија.

На средбата, како што соопшти Министерството за правда, се дискутирало  за важноста од учеството и активниот ангажман на земјите кандидати преку обвинителот за врска како демонстрација на заложбите и напредокот во евроинтеграцискиот процес, но и како можност да бидат дел од процесите кои главно се резервирани за земјите членки на ЕУ.

Министерот Лога изразил благодарност за поддршката од ЕВРОПРАВДА, како резултат на која соработка во успешна заедничка акција во изминатиот период беше разбиена меѓународна криминална група.

-Во оваа насока, министерот изрази уверување дека досегашната соработка уште повеќе ќе се интензивира и со именувањето на Јавниот обвинител за врски од Република Северна Македонија со чиј директен ангажман несомнено ќе се зголеми ефикасноста во соработката со ЕВРОПРАВДА и справувањето со криминалот на меѓународно ниво, се наведува во соопштението.

На средбата, министерот и претседателот на ЕВРОПРАВДА, ги дискутирале можностите за поддршка на ЕВРОПРАВДА за обезбедување на успешни примери на програми за автоматска распределба на предметите во судовите во некоја од земјите членки на ЕУ, како еден од приоритетите на кои е насочено Министерството за правда во процесот на дигиталзиација на правосудството.

Во оваа насока, министерот Лога истакнал дека со враќање на легитимитетот во работата на Судскиот совет и неодамнешниот избор на нов републички јавен обвинител обезбедени се два од трите клучни предуслови за обезбедување независно и функционално правосудство.  

-Министерот нагласи дека со воспоставувањето на успешна дигитализација на правосудството преку функционален систем за автоматска распределба на предметите и заокружување на овој процес, Република Северна Македонија ќе постигне значителен напредок во реформата на правосудството а со тоа и владеење на правото, се посочува во соопштението. дма/аа/

Фото: Министерство за правда

Остани поврзан