• сабота, 22 февруари 2025
МИА Флеш

 14 февруари 2025 

Скопје - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Австралија, присуствуваше и се обрати на настанот со кој беше одбележана 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Република Северна Македонија и Австралија, информираат од Министерството.

На настанот обраќања имале и Ана Али, министер за млади на Западна Австралија и Касандра Фернандо, пратеник во австралискиот Парламент.

Скопје - Дваесетте јавни здравстени установи кои веќе имаат изготвено нови систематизации, може веднаш да ги вработуваат планираните 300 приватни специјализанти од првата група, меѓу кои најзастапени се гинеколози и кардиолози, рече денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

По посетата на реновираниот педијатриски пункт на поликлиниката Бит Пазар, Таравари, одговорајќи на новинарски прашања, соопшти дека само во скопските јавни здравствени установи ќе бидат вработени околу 30 специјализанти гинеколози.

Скопје - Полесните случаи на болни деца од Клиниката за педијатрија ќе се лекуваат во поликлиниката Бит Пазар каде е отворен нов, целосно реновиран специјалистички педијатриски пункт. Пунктот ќе работи секој ден од 19.30 - 7.30 и во недела 24 часа, а располага со нов медицински мебел и инвентар, како и со сите потребни медицински средства за преглед, анализи и третман на деца до 14 години.

Вкупно 11 педијатри кои работат во Здравствениот дом - Скопје ќе даваат здравствени услуги во пунктот на Бит Пазар. Во тимот, покрај педијатар, ќе има и медицинска сестра и лаборант.  

Скопје - Актуелните измени на Законот за локална самоуправа, учеството на Општина Гази Баба на вториот јавен повик за финансиска поддршка на инфраструктурни проекти, како и предизвиците и потребите со кои се соочува општината, базирани на барањата на граѓаните беа тема на дискусија при денешната посета на министерот за локална самоуправа Златко Перински, заедно со неговиот заменик Ерџан Селими, на  Општина Гази Баба, како дел од теренските посети на општините „Каде што срцето е дома“. 

Министерот Перински изрази задоволство од напорите на градоначалникот Бобан Стефковски за унапредување и развој на сите делови на Гази Баба.

Скопје - Интензивирање на соработка во вршењето на законските надлежности од својот делокруг, како и размена на податоци и искуства меѓy двете институции заради натамошен развој на капацитетите на ревизорската и сметководствената професија во нашата земја, е главната цел која треба да се постигне со Меморандумот за соработка помеѓу Државниот завод за ревизија (ДЗР) и Институтот за сметководители и овластени сметководители (ИСОС), што денеска го потпишале главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски и претседателката на ИСОС, Весна Прентоска.

Загреб - Минатата година бројот на доброволци за служење воен рок во Хрватска е зголемен за 100 отсто во однос на претходната 2023 година, а од годинава на воена обука пристигнале речиси 300, соопшти денеска Министерството за одбрана.

Од 298 волонтери, 254 се момчиња, а 44 се девојки, а меѓу нив, како што се наведува, има и шест врвни спортисти, кои ќе поминат низ скратена програма за обука прилагодена на нивните професионални обврски.

Минхен -  Не треба да има мировен договор склучен над главите на Украинците и Европејците, изјави денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок на почетокот на Минхенската безбедносна конференција.

„Со псевдо мир - преку главите на Украинците и Европејците - ништо нема да се постигне“, рече Бербок.

Минхен - Авганистанскиот државјанин призна дека намерно влетал со автомобил меѓу демонстрантите во Минхен, а властите утврдиле дека злосторството имало исламистичка позадина, соопшти денеска обвинителството.

Во инцидентот се повредени најмалку 36 лица, вклучително и едно дете.

Москва - Во Русија минатата година се уапсени 695 лица поради поврзаност со рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина пред една година, а властите продолжуваат со апсењето на неговите поддржувачи, објави руската организација за човекови права ОВД-Инфо.

Организацијата наведе дека повеќето апсења се случиле за време на комеморации и протести.

Вашингтон - Индија и САД ќе ја удвојат билатералната трговска размена на 500 милијарди долари до 2030 година, изјави индискиот премиер Нарендра Моди на заедничката прес-конференција со американскиот претседател Доналд Трамп.  

Трамп го поздрави неодамнешниот потег на Индија да ги намали тарифите за избраниот увоз и рече дека ќе започне разговори за трговските разлики и се надева дека ќе постигне договор.

 

Токио - Јапонската влада планира на трговците да им понуди 210.000 тони ориз од своите резерви за да го стабилизира пазарот поради зголемувањето на цените, соопшти министерот за земјоделство Таку Ето.

Оризот ќе им биде понуден на трговците на аукција во средината на март, а се очекува да биде достапен во продавниците меѓу крајот на март и почетокот на април.

Тагови

Остани поврзан