27 ноември 2024
Скопје - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска остварил средба со делегација од Комисијата за надворешни работи во чешкиот Парламент, предводена од заменик претседателот на Комисијата, Радек Водрачек.
На средбата, соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, било изразено задоволство од напредокот на македонско-чешките односи и уверување дека заедничкиот ангажман ќе придонесе кон нивно натамошно унапредување и искористување на потенцијалот за соработка во сите области.
Скопје - Комората за вештаци на 25 октомври годинава е регистрирана во Централниот регистар со што може да кажеме дека по осум години таа профункционира. Со ова обезбедуваме поголема, транспарентност, независност и професионалност во процесот на вештачењето, порача министерот за правда Игор Филков.
Скопје - Дигиталната трансформација е во срцето на нашите напори за модернизација, изјави денеска министерот за јавна администрација Горан Минчев на годишната министерска конференција на Регионалното училиште за јавна администрација, што се одржува во Скопје. Конференцијата е посветена на темата „Идна генерација на управување и иновации во јавната администрација“.
Министерот заедно со министри од регионот се осврнаа на најновите достигнувања во јавната администрација во нивните земји.
Скопје - Во првата недела од декември ќе се одржи Економско-социјалниот совет на кој, според најавите на министерот за економија Бесар Дурмиши, ќе се разговара за зголемувањето на минималната плата. Министерот Дурмиши денеска изјави дека во Буџетот се предвидени пари за оваа намена, но дека треба да се разговара со сите засегнати страни колкаво би било зголемувањето. Од Сојузот на синдикати, кои на првомајскиот протест побараа зголемување на сите плати, вклучително и на минималната плата на 450 евра, велат дека аргументите се на нивна страна.
Скопје - Министерот за економија Бесир Дурмиши денеска најави дека на крај на следната недела ќе биде објавена новогодишната кошничка со која ќе бидат опфатени околу 600 производи.
Во изјава за медиумите дадена денеска, министерот посочи дека и новогодишната кошничка, исто како есенската, ќе трае еден месец.
Скопје - Министерот за здравство Арбен Таравари сподели дека е во болница откако вчера доживеал колапс. Тој, како што објави на Фејсбук, е се уште под опсервација на лекарите.
-Вчера кружеше веста дека сум доживеал срцев удар. Бидејќи отсекогаш сум ја споделувал вистината со вас, ви кажувам што се случи. Доживеав ненадеен колапс и итно ме однесоа во болница. Сè уште сум под опсервација бидејќи моите колеги се уште немаат донесено никакви заклучоци. Сепак, добро сум, со семејството и ќе ги чекаме одговорите на лекарите. Би сакал да ви кажам дека не очекував толку голема грижа и добрина од вас, напиша Таравари на Фејсбук.
Скопје - Заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков се сретна со повеќечлена делегација од Шведската агенција за миграција (SMA), државна институција одговорна за управување со прашањата поврзани со миграцијата во Шведска, соопштија од Министерството за европски прашања.
Скопје - Загрижувачко е нивото на неамбициозност и незаинтересираност на жените да учествуваат во политички живот на државата, истакна Александра Јовевска Ѓорѓевиќ, која го изработи истражувањето на ОБСЕ „Учество на жените од заедниците во политичкиот и јавниот живот во Северна Македонија“. Ова, како што кажа таа, пред се го препишуваме на стегите кои се присутни во нашето општество и ги обесхрабруваат жените да го преземат тој кариерен пат во нивниот живот.
Скопје - Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски утрово одржал час по локална самоуправа со учениците од четврто одделение од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, при што ги запознал со работата на локалната самоуправа и тековните активности, но и како функционира Советот.
Како што соопштија од Општина Центар, Герасимовски потенцирал дека еден од главните приоритети во неговиот мандат е подобрувањето на основните училишта на територија на општината.
Скопје - Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје подигнале и транспортирале приближно 60 кубни метри непрописно одложен отпад од јавни и сообраќајни површини во скопските општини Кисела Вода, Центар, Ѓорче Петров и Чаир.
Како што информира „Комунална хигиена“ - Скопје, на улицата „Димо Хаџи Димов“ во општина Кисела Вода се подигнати 10 кубни метри непрописно одложен отпад од картонска амбалажа.
Битола - „Повторното обединување на двете Кореи“ од Жоел Поерат, во режија на Јуш Зидар е нов проект НУ Народен театар-Битола чија промоција е закажана за утревечер во овој град.
Младиот словенечки режисер прв пат гостува во Битола, а најчесто работи со театрите во Љубљана, Марибор и Цеље. На сцената Зидар постави провокативна драма што ја истражува комплексноста на љубовта, врските и човечките емоции низ впечатливи и вознемирувачки сцени.
Скопје - Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел во својата најнова книга „Слобода:Мемоари 1954-2021“ го споменува поранешниот премиер Зоран Заев како единствен државник од регионот.
Во мемоарите, во кои пишува за својот приватен и професионален живот со фокус на периодот кога ја извршува функција канцелар, Меркел го опишува Заев како храбар и решителен.
Германскиот новинар Михаел Мартенс од „Франфуртер алгемајне цајтунг“ на платформата X напиша дека освен Заев, германската канцеларка не спомнува ниту еден друг политичар од Балканот.
Софија - Бугарскиот патријарх и митрополит Софиски Даниил му изрази сочувство на поглаварот на Македонската православна Црква - Охридска архиепископија г.г. Стефан за упокојувањето на на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, се наведува во соопштението, објавено на веб страницата на Бугарската патријаршија, јави БТА.
Приштина – Косовскиот премиер, Албин Курти објави дека ги презел првите чекори во правец на започнувањето на производство на воена муниција во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Курти на денешната седница на Владата објави дека ја потпишал одлуката за преземање на потребните подготовки за подигање на воената индустрија.
Тирана – Специјалниот суд против организиран криминал и корупција, го ослободи од домашен притвор лидерот на Демократската партија Сали Бериша, поранешен албански претседател и екс-премиер.
Во изјава за медиумите неговиот адвокат, Генц Ѓокутај, изјави дека нема друга безбедносна мерка за Бериша, што подразбира и враќање на патната исправа, откако судот утврдил дека за него не постојат услови и критериуми за каква било мерка на безбедност.
Тирана – Албанските опозициски демократи ја поздравија одлуката на Специјалниот суд против организиран лриминал и корупција за укинување на безбедносните мерки изречени за нивниот лидер Сали Бериша, не криејќи го задоволството од, како што ја нарекуваат „победата над наркодржавата“.
-Победата на Трамп стигна и до Албанија! Лидерот на опозицијата, проф. д-р Сали Бериша! Ветерот на промени доаѓа во нашата земја!“, напиша во својата реакција Агрон Ѓекмаркај, потпретседател на партијата.
Потпретседателот на ДП, Агрон Ѓекмаркај, реагираше по симнувањето на мерката „куќен притвор“ против Сали Бериша, со одлука на Специјалниот суд.
Атина – Позициите кои се спротивни на меѓународното право не придонесуваат во консолидацијата на климата на заемна доверба и подобрување на билатералните односи, истакнале за грчките медиуми, извори од Министерството за одбрана на Грција по изјавите на министерот за одбрана на Турција Јашар Ѓулер, кој рекол дека Грција го прекршува грчко-турскиот Бернски договор за континенталниот гребен во Егејското море, јави дописничката на МИА од Атина.
Софија - Сите очекуваме политичките сили да постигнат консензус, да формираат мнозинство и редовна влада и да започнат да се занимаваат со проблемите кои ги засегаат бугарските граѓани. Ова го изјави техничкиот премиер на Бугарија Димитар Главчев на почетокот на денешната владина седница.
- Денеска е 27 ноември, точно еден месец од последните вонредни парламентарни избори, а сè уште сме на првата седница на Народното собрание, истакна Главчев.
Берлин - Откако во хрватската јавност се отвори прашањето за враќањето на мигранти од земји-членки на ЕУ наводно со „тајни авионски летови“ и предупредувањата дека Хрватска станува своевиден „hot spot“, Дојче Веле (DW) пишува дека Германија има план да врати повеќе од 16.000 мигранти во Хрватска, согласно со Уредбата Даблин III.
Даблинската уредба предвидува дека за конкретно барање за азил е одговорна таа земја членка на Европската Унија каде што лицето за првпат влегло на територијата на ЕУ, односно каде што првпат било регистрирано.
Париз - Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро го постави прашањето дали некои лидери имаат имунитет според Римскиот статут, врз основа на кој е создаден Меѓународниот кривичен суд (МКС).
Изјавата на Баро беше одговор на прашање за можноста израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да биде задржан во Франција согласно налогот за апсење издаден од МКС.
Париз - Францускиот министер за надворешни работи, Жан Ноел Баро денеска го поздрави примирјето постигнато меѓу Израел и Хезболах во Либан, велејќи дека Франција „ќе внимава на спроведувањето на договорот и на создавањето услови за траен мир во регионот“.
„Тој договор е резултат на тешки напори, вложени во текот на многу месеци. Тоа е успех за француската дипломатија и можеме да бидеме горди на тоа“, изјави Баро за Франс Инфо.
Бејрут - Привремениот премиер на Либан, Наџиб Микати, побара Израел целосно да се придржува до новиот договор за прекин на огнот и да се повлече од сите региони и позиции што ги зазеде досега. Изјавата доаѓа само неколку часа откако стапи во сила примирјето меѓу Израел и Хезболах.
Микати претходно апелираше до меѓународната заедница „брзо да реагира“ за да се запре „израелската агресија“ и да се спроведе итен прекин на огнот.
Бејрут - Либан и Израел постигнаа договор за прекин на огнот кој предвидува дека само „официјалните воени и безбедносни сили“ во Либан имаат право да поседуваат оружје, се наведува во копија од договорот за прекин на огнот меѓу Либан и Израел, во која имал увид Ројтерс, пренесува ХИНА.
Договорот се однесува на обврската на двете страни целосно да ја применат Резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на Обединетите нации, која вклучува одредби за „разоружување на сите вооружени групи во Либан“.
Вашингтон - Поранешниот информатор на ФБИ, Александар Смирнов, кој беше обвинет поради лажни тврдења дека американскиот претседател Џозеф Бајден и неговиот син Хантер добиле мито од пет милиони долари од украинската енергетска компанија Бурисма, сега е осомничен и за затајување данок, објавија денеска американските медиуми.
Новото обвинение поднесено во федералниот суд во Калифорнија го обвинува Смирнов за затајување данок на приходи од повеќе од два милиони долари што ги добил од повеќе извори меѓу 2020 и 2022 година, пишува Еј-Би-Си Њуз.
Москва - Кинеските брендови зафаќаат околу 70 отсто од пазарот за нови автомобили во Русија, изјави аналитичарот на податоци од компанијата „Авито Авто“, Артјом Соколов.
Руските производители во исто време ги достигнале планираните производствени капацитети, а нивниот удел на пазарот на нови автомобили во Русија достигнал 22 отсто во октомври 2024 година, пренесува ТАСС.
Пекинг - Бројот на џиновските панди во дивината достигна околу 1900, при што нивниот број стабилно се зголемува од 80-тите години на минатиот век, пренесе кинеската новинска агенција Синхуа.
Податоците беа презентирани за време на конференцијата „Глобални партнери на пандата 2024“, што се одржа во Ченгду, провинцијата Сичуан.
Бројот на големи панди во дивината се зголеми од приближно 1100 во 80-тите години на минатиот век на сегашните 1900. Како резултат на ова, Меѓународниот сојуз за заштита на природата го промени статусот на овој вид од „загрозен“ во „ранлив“, изјави Гуан Жију од одделот задолжен за шуми и степи во Кина.