• понеделник, 09 декември 2024
МИА Флеш

  31 октомври 2024

 

Скопје - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на Перниле Деилер Кардел, новоименуваната амбасадорка на Кралството Данска, со седиште во Белград.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателката Сиљановска Давкова, како што соопшти нејзиниот Кабинет, истакнала дека од 1993 година двете земји во континуитет градат пријателски и партнерски односи кои се рефлектираат преку високо ниво на политички дијалог и меѓусебна соработка, при што посочила дека постои неискористен потенцијал и простор за дополнителен развој, посебно во економските и трговските односи.ж

Скопје - Добрососедските односи и регионалната соработка се сметаат за суштински дел од процесот на европска интеграција на Северна Македонија, бидејќи придонесуваат за стабилност, помирување и клима погодна за решавање на отворените билатерални прашања и наследството од минатото, оценува Европската комисија.

Во новиот Извештај на ЕК за напредокот на Северна Македонија на патот кон ЕУ во овој сегмент се нотира дека земјата продолжи да се ангажира во голем број регионални иницијативи за соработка како што се Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА), Енергетската заедница, Транспортната заедница и Регионалниот совет за соработка. Во јули 2023 година, земјава го презеде едногодишното претседавање со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, а исто така, активно учествуваше во иницијативи како што се Централноевропската иницијатива и Центарот за безбедносна соработка.

Скопје - Собранието во однос на процедурата е подготвено во секое време да ги отпочне уставните измени, но за да се отпочне тој процес треба политичка волја и договор за да имаме јасна перцепција, за да не почнеме нешто што нема да успее, изјави денеска претседателот на Собранието Африм Гаши на брифинг со новинарите.

- Во однос на Собранието, службите и процедурата ние сме подготвени. Се надеваме дека што побргу ќе дојдеме до тој политички договор за да се отпочне тој процес. Јас би сакал тоа да биде што побрзо затоа што мислам дека е од стратешко значење и важно да ги започнеме преговорите што побргу и да станеме полноправна членка на ЕУ, рече Гаши.

Скопје - Додека вие коленичевте и ја распродававте Македонија за провизиите од Сингапур и Дубаи, ние работиме и ќе направиме се што е потребно Македонија да ја извадиме на прав пат и да ја однесеме каде што и е местото - во ЕУ. Наша задача е да корегираме се што уништивте. Откако го исплукавте планот за ЕУ, ние ќе се обидеме повторно да го вратиме во живот, му рече премиерот Христијан Мицкоски на лидерот на СДСМ Венко Филипче кој денеска, во рамки на 18. собраниска седница прв поставуваше пратенички прашања.

Филипче постави три прашања, сите до премиерот Мицкоски. Покажа и документи од „свиркачи“ за, како што напомена, незаконско назначување на Бојан Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ). 

Скопје - Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и директорката на Оперативно-техничка агенција (ОТА) Марија Јаническа, потпишаа меморандум за соработка помеѓу двете институции.

Како што се наведива во соопштението од кабинетот на министерот Андоновски, со меморандумот се потврдува заедничката заложба во насока на подобрување, унапредување и развој на меѓуинституционална соработка, со особени заложби за унапредување на ИКТ, дигитализација и сајбер безбедност.

Скопје - Со завршна конференција денеска беше одбележан крајот на ИПА-проектот „Подобрување на квалитетот на образованието“ на ЕУ посветен на професионалниот развој на наставниците.

Конференцијата со воведно обраќање ја отвори министерката за образование Весна Јаневска која нагласи дека наставниците се клучната алка во воспитно-образовниот процес и дека е од исклучителна важност е тие постојано да ги надградуваат своите вештини за предавање и пренесување на знаењата кон учениците.

Скопје - Јавноста ќе може во наредните 20 дена да дава сугестии на предложениот текст за нов закон за учебници за основно и средно образование што го изработи Министерството за образование и наука и е ставен на ЕНЕР (Електронски национален регистер на прописи). 

Како што изјави министерката Весна Јаневска, новина во Предлог-законот е што им се дава можност на издавачките куќи да учествуваат со веќе подготвени учебници и тие ќе ја имаат обврската за печатење. Од новиот закон таа очекува учебници со подобар квалитет и нивно навремено доставување во училиштата. 

Скопје - Во првите шест месеци од 2024 година, реализирани биле онлајн трансакции во вредност од 339.8 милиони евра. Со македонски картички кон македонски е-трговци се реализирале 193.1 милиони евра. Просечната трансакција на Македонците кон македонските е-трговци изнесува 30.8 евра, додека кон странските е-трговци - 37.2, информираат денеска од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ).

Вредноста на реализираните повтроливи трансакции (recurring payments) за претплати на домшани сервис провајдери изнесува 53.7 илјади евра, додека кон странски - 6.1 милиони евра.  

Скопје - Од 21 до 27 октомври во државава пријавени се 42 нови случаи на грип што е за 16 проценти помалку во споредба со претходната недела, соопштија од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Заболени лица се регистрирани во Гостивар (13), Куманово (12), Тетово (осум), Неготино и Свети Николе по три и Скопје, Кавадарци и Струмица  по едно лице. Во однос на возраста, од 15 до 64 години регистрирани се 23 лица, 11 деца се возраст од пет до 14 години и осуммина на возраст над 65 години.

Скопје - Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов одржа координативна средба на тема „Загрозување по животот и здравјето на луѓето и по материјалните добра од подземните води, одрон и рушење на потпорно-оградниот ѕид на улица „Белградска“ кај ЈЗУ УК за детски болести - Скопје, информираат од неговиот кабинет.

На средбата во ЦУК, присуствувале сите поканети претставници од Министерство за здравство, Град Скопје, Општина Центар, Инспекциски совет, Министерство за внатрешни работи. Присутни биле и вработени во Центарот - државниот советник Драги Тарчуговски и колеги од Секторот за операции и координација на ЦУК, кои, се појаснува во соопштението, непосредно се ангажирани за конкретната проблематика за координација за решавање на опасноста.

Белград – Кошаркарот на Црвена ѕвезда, Немања Недовиќ ги обвини судиите за синоќешниот пораз од Жалгирис во Евролигата.

Црвена ѕвезда загуби во Каунас со 86:84. Српскиот клуб ги загуби првите две четвртини и се врати во вториот дел по двоцифрена негатива. Судбината на мечот ја реши Брајант Данстон со кош постигнат со звукот на сирената.

Брисел - Белгија отфрла 96 проценти од поднесените барања за азил откако во февруари беше воведена забрзана постапка за оценување на документите, јавуваат локалните медиуми. Промените овозможуваат властите брзо да ги разгледуваат барањата за кои нема основа за подетално оценување.

Се наведува дека ваквиот пристап е предвиден и во новите европски правила за миграција. Промените кои допрва треба да се имплементираат предвидуваат забрзано разгледување на барањата поднесени од државјани на „безбедни земји“ каде нивниот живот не е загрозен. Земјите од ЕУ имаат право сами да утврдат кои земји ги сметаат за „безбедни“.

Буенос Аирес - Научници од Аргентина и Кина го пронајдоа најстариот досега познат фосил од полноглавец од жаба. Истражувачите во аргентинската провинција Санта Круз го откриле фосилот на полноглавец што живееел пред 161 милион години - во периодот Јура.

Стручњаците велат дека остатоците од праисторискиот жив организам се добро сочувани, а некои од меките ткива, како што се черепот, 'рбетот, па дури и очите и нервите, останале недопрени. Биологот Маријана Чуливер од Универзитетот „Мајмонидес“ во Буенос Аирес, Аргентина, се согласува дека откритието е најстариот досега забележан фосил од полноглавци.

Вашингтон - Преговорите за примирје меѓу Израел и Хезболах постигнаа значителен напредок во последните 24 часа, но администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден се уште не постигнала конечен договор со ниту една страна, објави денеска порталот Аксиос, повикувајќи се на двајца американски претставници.

Како што е наведено, договорот за примирје може да стави крај на конфликтот меѓу Израел и Хезболах и значително да ја деескалира регионалната војна на Блискиот Исток.

Монтреал – Шефот на украинската дипломатија Андриј Сибиха денеска изјави дека претставници на Русија треба да бидат поканети на вториот Самит на мирот со цел да се развијат принципите на траен мир во Украина.

 -Да, ја поддржуваме идејата да се поканат руски претставници на вториот Самит на мирот, но никогаш нема да ги поддржиме мировните иницијативи развиени без учество на Украина и зад нејзиниот грб. Никогаш нема да ги поддржиме мировните договори на сметка на Украина. Никогаш нема да поддржи мировен договор што не ги казнува прекршителите на злото, Украинците го разбираат ова подобро од кој било друг, истакна Сибиха на министерската конференција за човечката димензија на „мировната формула“ што се одржува во Монтреал.

Москва - Кремљ одби да коментира дали Русија и помогнала на Северна Кореја да развие ракетна технологија, нарекувајќи го ова прашање специјализирано и дека за него е подобро да биде прашано Министерството за одбрана, јавија британските медиуми.

Северна Кореја соопшти дека денеска тестирала интерконтинентална балистичка ракета, со што го надградила како што го нарече „најмоќното стратешко оружје во светот“. Тестот доаѓа во време кога Сеул предупредува дека Пјонгјанг може да добие ракетна технологија од Русија во замена за помошта во војната во Украина.

Киев – Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски во телефонскиот разговор со командантот на силите на НАТО во Европа, американскиот генерал Кристофер Каволи, повторно ја истакна важноста од зголемување на воено-техничката поддршка за украинските вооружени сили.

Главна тема на нивниот разговор била моменталната состојба на фронтот.

Тагови

Остани поврзан