• сабота, 21 декември 2024
МИА Флеш

8 октомври 2024

Скопје - Доколку не ја донесевме Есенската кошничка и акцијата „Помалку трошоци – повеќe за вас“ цените на храната дополнително ќе се зголемеа, а со тоа и инфлацијата, истакна денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

- Овие одлуки ги донесовме за заштита на стандардот на граѓаните бидејќи во минатите месеци Државниот завод за статистика излегуваше со информации дека има раст на цените на основните прехранбени производи. Затоа направивме акциски план со кој ја донесовме есенска потрошувачка кошничка за да им излеземе во пресрет на граѓаните. Да не ги донесевме одлуките, цените на основните прехранбени производи ќе имаа уште поголем раст и инфлацијата ќе беше поголема од 2,6 отсто колку што е сега, рече Дурмиши во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција по повод 100 дена Влада.

Скопје - Во четврток ќе се одржи првата седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) по формирањето на новата Влада. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска изјави дека со работодавачите и синдикатите ќе се продискутираат сите нивни барања, идеи, критики и предлози, како и барањето за покачувањето на минималната плата.

- Заедно и транспарентно ќе носиме одлуки. Ќе ги видиме и можностите на Владата, но ќе ги слушнеме и работодавачите и синдикатите и ќе донесеме заедничка одлука, рече Дурмиши во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Скопје - Министерот за труд и економија Бесар Дурмиши смета дека парите од унгарскиот кредит во износ од 500 милиони евра ќе придонесат за развој на економијата во земјава.

- На првиот повик на Министерството за локална самоуправа за грантот од 100 милиони евра аплицираа над 80 општини со над 350 проекти. Со следниот чекор ќе се поддржуваат домашните компании со грант од 250 милиони евра. Затоа мислам дека овој кредит ќе донесе развој на економијата. Доколку нема економски развој ќе ни се случи тоа што ни се случува во изминативе 20 години, рече Дурмиши во одговор на новинарско прашање нa денешната прес-конференција посветена на 100 дена Влада.

Скопје - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во интервјуто за Отворено студио по повод „100 дена Влада“ на МРТ, вели дека до сега е разочаран од делувањето на обвинителството и судството, односно иако имале шанса за работат согласно законите и Уставот, одредени обвинители и судии работат калкулантски односно како што рече постапуваат според навигација добиена од други центри, односно од тие центри кои што ги предложиле да бидат таму каде што се, и тоа не е добро.

„Еве еден пример кој што не го знае јавност за кој што беше констатирана злоупотреба сериозна и штета на државниот буџет, во случајот општинскиот буџет за околу 70, 80 милиони денари. Од страна на судијата му беше одредена мерка на претпазливост, да се јавува еднаш во судот неделно. И сега ќе влеземе во еден процес кој што ќе трае можеби децении, од прилика така изгледа таа работа, рече тој и додаде:

Скопје - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска имаше работна средба со амбасадорот на Француската Република, Кристоф Ле Риголер, на која е разговарано за актуелните прашања поврзани со европската интеграција на нашата земја, улогата на Франција и можностите за понатамошно унапредување на билатералната соработка, соопшти МНРиНТ.

Министерот Муцунски ја истакна важноста на засилениот ангажман и поддршката на Франција, како водечка земја членка на ЕУ, за продолжување на процесот на пристапување на нашата земја и регионот. Тој ја реафирмираше посветеноста на земјата за забрзување на евроинтегративниот пат и спроведување на реформите во клучните области, како што се владеењето на правото, правосудството и економското управување.

Скопје - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со новоназначениот амбасадор на ЕУ во земјава Микалис Рокас.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, Тошковски упати честитки до амбасадорот за назначувањето на новата функција и изрази уверување дека одличната соработка и пријателските односи ќе продолжат, како и со сите досегашни амбасадори на ЕУ во земјата.

Скопје - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, е во дводневна посета на Виена, каде што вчеравечер во Виенскиот музеј за историја на уметноста (Kunsthistorisches Museum Vienna) присуствувал на отворањето на изложбата на Рембрант, заедно со австрискиот претседател Александер ван ден Белен и значајни личности од културниот и општествено-политичкиот живот на Австрија. 

- Овој голем настан е уникатен зашто за прв пат во овој музеј и во Виена се изложуваат над 60 дела од славниот сликар од 17 век, а се позајмени од многу институции од повеќе држави од светот. Станува збор за изложба на дела од Рембрант од перспектива на неговиот талентиран ученик Хогстратен, соопшти Министерството за култура и туризам. На настанот присуствувал и македонскиот амбасадор во Австрија, Освит Росоклија, а министерот Љутков остварил средба и со директорката на Музејот, Сабина Хаг.

Скопје - Лидерот на движењето Беса, која е дел од коалицијата Влен, Билал Касами вели дека остануваат на ставот за носење на уставните измени, но дека прво меѓународните партнери, пред се ЕУ и САД, треба да дадат јасен план како ќе се движи евроинтегративниот пат на државата. 

– Уставните измени се само предуслов за продолжување на евроинтеграциите, но за понатамошните интеграции потребен е партнер од страна на ЕУ со јасен план за нашиот пат кон ЕУ. Чекаме Брисел да дојде со јасен план како ќе продолжи процесот на интеграција, рече Касами во синоќешното гостување во емисијата „Клик плус“ на Телевизија 21.

Никозија -  Во хотелите во градот Ларнака на Кипар во изминатите денови е зголемена побарувачката на слободни соби, несвојствено за овој период од годината, поради ситуацијата на Блискиот Исток, особено во Либан, пишува кипарскиот портал „Филелефтерос“, јави дописничката на МИА од Атина.

Претседателот на Асоцијацијата на хотелиери од Ларнака Мариос Поливиу за порталот вели дека има денови кога тешко се наоѓа соба, хотелите се со пополнети капацитети, а оние кои требале да затворат следниот месец, можно е да останат отворени доколку продолжи истата ситуација.

Брисел – Европскиот совет денеска воспостави нова рамка за рестриктивни мерки поврзани со „дестабилизирачките активности на Русија во странство“, која треба да и овозможи на Унијата таргетирање на поединци и субјекти вклучени во активностите и политиките на руските власти за поткопување на основните вредности на ЕУ и на безбедноста, независноста и интегритетот на државите членки, трети земји и на меѓународни организации.

- ЕУ од сега ќе може да се справува со различни хибридни закани, како што се поткопување на изборните процеси и на функционирањето на демократските институции, закани и саботажа на економските активности, услугите од јавен интерес или критичната инфраструктура, употреба на координирано ширење на дезинформации, манипулации со информации и странско мешање, злонамерни кибер акции, инструментализација на мигрантите и други дестабилизирачки активности, се наведува во соопштението.

Брисел - Партијата „Фламански интерес“ е најпопуларна партија меѓу младите Фламанци вторпат по ред, покажува истражување објавено денеска во списанието Хумо.

Лидерот на партијата Том ван Грикен е исто така најпопуларниот политичар меѓу младите Фламанци, јави белгиската новинска агенција Белга. Во анкетата на списанието Хумо учествувале 1.000 луѓе на возраст меѓу 16 и 25 години кои живеат во Фландрија. Вкупно 22 отсто, од кои 34 отсто момчиња и 11 отсто девојчиња, изјавиле дека на локалните избори в недела ќе гласаат за екстремно десничарскиот „Фламански интерес“. На второ и трето место се „Социјалистичката партија – поинакви“ и Новата фламанска алијанса со 13 и 12 проценти поддршка. Екстремно левичарската Белгиска работничка партија е во пораст, зголемувајќи ја својата популарност од 4 во 2020 година на 11 проценти сега.

Париз - Франција во првата половина од следната година во Украина ќе испрати борбени авиони „Мираж“, најави францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорн.

Политко пренесува дека министерот Лекорн во интервју за Sudouest.fr изјавил дека авионите „Мираж 2000“ „би можеле да летаат во Украина во првата половина на 2025 година“.Претходно годинава францускиот претседател Емануел Макрон вети дека ќе обезбеди борбени авиони „Мираж 2000-5“ на земјата разурната од војна, а украинските пилоти веќе летаат со „Ф-16“, донирани од земјите на Европската унија, вклучувајќи ги Холандија и Данска.

Брисел - Европскиот совет денеска реши да ја отстрани малата карипска држава Антигва и Барбуда од листата на ЕУ на „некооперативни земји и територии за даночни цели“.  

Советот посочува дека ваквата одлука е донесена откако Антигва и Барбуда направила измени на важечките даночни правила.  Државата, која има нешто над 100 илјади жители, беше ставена на листата на ЕУ на „даночни раеви“ во октомври 2023 година, врз основа на негативната оценка дадена од Глобалниот форум на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) поради начинот на „размена на барани информации“ поврзани со даночните обврзници. 

Брисел – Руски хакери денеска втор ден по ред уриваат веб-страници на белгиски институции, јавија локалните медиуми.

Регистрирано е дека овој пат се погодени локациите на општинските власти и пристаништето Зибриж. Хакерите од групата NoName057(16) на „Телеграм“ соопштија дека „ја казнуваат Белгија за поддршката на украинските терористи“. Белгискиот центар за кибер безбедност го потврди авторството на нападите и ги опиша како „безопасни“.

Стокхолм - Шведската кралска академија на науките денеска ги објави имињата на добитниците на Нобелова награда за физика и за медицина.

Овогодишни добитници на Нобеловата награда за физика се Џон Ј. Хопфилд и Џефри Е. Хинтон „за фундаментални откритија и пронајдоци кои овозможуваат машинско учење со помош на вештачки невронски мрежи“. Додека американските научници Виктор Амброуз и Гери Рувкун, добитниците на овогодишната Нобелова награда за медицина за откривањето на микроРНК, односно фундаменталниот принцип што ја регулира активноста на гените.

 

 

Остани поврзан