• вторник, 23 декември 2025
МИА Општински пул

Скопје - Без електрична енергија денеска од 08.30 до 13.00 часот, ќе бидат дел од ул.„Ленинова“, реон кај Министерството за земјоделство. Според известувањето од ЕВН Македонија АД, струја од 08.30 до 13.30 часот, ќе немаат и корисниците на дел од ул.„Јордан Хаџиконстантинов Џинот“ во општина Центар.

Во периодот од 09.00 до 13.00 часот, преин во електроснабдувањето ќе имаат и полициската станица и базата на пожарникари во населба Ѓорче Петров, од 09.00 до 13.00 часот делови од селата Горно Лисиче и Долно Лисече, корисниците од Стопански двор, како и дел од потрошувачки на ул. „Кадињача“.

Скопје - Поради уличен дефект Ф-80 мм на ул. „Јани Лукровски“ бр.16 во населба Автокоманда, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа и улицата „Лазар Поптрајков“.

Како што информираат од ЈП Водовод и канализација Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:15 часот до санирање на дефектот.

Валандово - Во Кино салата во Валандово е поставен мурал со ликови на истакнати уметници кои живееле или потекнуваат од овој град. На муралот се ликовите на пејачот Јанко Узунов, Леонид Манчев, организатор и директор на Фолк фест Валандово, Мирко Попов, автор и продуцент на електронска музика, Ѓоко Дончев, пејач и Костадин Танчев-Динка, графички дизајнер и сликар.

Според градоначалникот на Валандово, Перо Костадиниов, целта на овој уметнички израз е да го збогати просторот и да оддаде признание на личностите кои оставиле траен белег врз културниот развој на локалната заедница и пошироко.

Автор на муралот е еден од најзначајните современи македонски уметници Костадин Танчев- Динка во соработка со професорот по ликовна уметност Радомир Кнежевиќ.

Куманово - Субвенцијата за кирија што ја доделува Oпштина Куманово е зголемена од 3.000 на 6.000 денари, информираа денеска од Секторт за социјална заштита. Одлуката ќе стапи на сила наредната недела по објавата во Службен весник. Советнците на последната седница на Советот ја изгласаа одлуката за зголемувањето на субвенцијата за домување и го проширија опфатот. Со одлуката покрај корисници на гарантирана минимална помош, субвенцијата ќе можат да ја користат корисници на социјална сигурност на стари лица како и жртви на семејно насилство. Корисниците на социјалната сигурност на стари лица можат да ја користат субвенцијата за домување 12 месеци, додека жртвите на семејно насилство-три месеци.

-Сметаме дека на овој начин и помагаме на најранливите категории. Покрај субвенција од шест илјади денари за кирија, овие корисници можат да користат и субвенции за трошоци за вода и смет, што дополнително им го олеснува животот, изјави Раководителот на секторот за социјална заштита, Александар Крстевски.

Мерката за домување беше воведена лани, тогаш ја користеа 15 лица, сега, надлежните од секторот очекува бројката на корисници да се зголеми.

-Заинтересираност има, го увидовме од теренските посети. Ќе ја промовираме мерката за да може целосно да се искористат финансиските средства, изјави Крстевски. 

Остани поврзан