• недела, 19 мај 2024
МИА Општински пул

26 март 2024

Струмица - Првите количини пролетна зелка, која интензивно стасува за берба деновиве, се откупува за 40 денари за килограм. Освен на балканските пазари, струмичката пролетна зелка се пласира во сите земји на ЕУ и Украина.

Откупната цена од 40 денари за килограм е прифатлива за трговците.

-До пред три дена имавме зголемено побарување за зелката, но понудата беше мала. Заради претстојните велигденски празници во Европа уште денес ќе имаме извоз и се надевам дека ќе продолжиме по празникот. Не очекувам откупната цена од 40 денари да се задржи подолго, бидејќи во наредните недели интензивно ќе стасува производството, односно понудата ќе биде поголема од побарувачката и реално е цената да падне, смета Благој Витанов, трговец од Струмица.

Скопје - Во контролите во областа на сообраќајот вчера на територија на град Скопје се изречени вкупно 144 мерки, соопшти денеска МВР.

Од вкупниот број изречени санкции за возење повеќе од дозволената брзина се 10, 10 мерки се изречени за возење без возачка дозвола, три санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, осум мерки за користење мобилен телефон при возење, девет санкции за некористење на сигурносен појас...

Скопје - Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 211 возачи.

Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 115 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 96 надвор од населено место.

Скопје - Градот Скопје во континуитет вложува во креирање услови преку кои се овозможува стимулирање активности за инклузија, социјализација и рекреација на лицата со попречености. Во рамките на овие заложби, во изминатите две години Градот Скопје е поддржувач на многубројни активности во насока на унапредување и подобрување на секојдневно функционирање, а една од нив е набавката на специјална опрема и реквизити за рекреација на лицата со попреченост. 

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во соработка со Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет Мобилност Скопје, ги промовираа новите реквизити за игрите за слепи и слабовидни лица Goalball и Showdown, опремата и реквизитите за пинг – понг, бадминтон, како и повеќе специјализирани мултифункционални фитнес справи за лицата со попреченост.

Скопје - Изложбата „Од срце - за животот“ ќе биде отворена вечер од 18 часот во „Зелена оаза“ во „Ист гејт мол“. Целта е да се поттикне отворено размислување и разговор за значењето на органодонорството и трансплантацијата, се наведува во соопштението од тимот на проектот „Поддршка на системот на трансплантација“.

Најавено е изложбата да биде отворена од евроамбасадорот Дејвид Гир и националниот координатор за трансплантација Маја Мојсова Мијовска.

- Во рамки на оваа средба ќе бидат доделени и наградите за најдобрите решенија на повиците за визуелни дела за дизаjнери и за средношколци, на тема - трансплантација и органодонорство, пишува во соопштението до медиумите.

Скопје - Во последното деноноќие не се регистрирани пожари на отворено, а имало вкупно 1 858 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во претпоследното деноноќие пожарникарите интервенирале на пожари на оџаци. Пожарникарите од ТППЕ Битола имале една помала интервенција на запален оџак во градот Битола, а пожарникарите од ТППЕ Прилеп имале две интервенции за запалени оџаци во градот Прилеп. Согласно препораките на пожарникарите, оџаците е потребно редовно да се чистат. 

ЦУК апелира да не се пали вегетација на отворено, редовно да се чистат локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во нив.

Скопје - На државен пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежните активности кај мост на река Шемница, од 27 март ќе има целосно затворање и времена измена на режимот на сообраќај.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Скопје - Поради двоење во водоводна шахта од ф 1” на улица „Мексичка“ бр.9, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, улица „Хаванска“, како и дел од корисниците од улиците „Варшавска“ и „Ташкентска“.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе боде прекинато од утрово се до завршување на работните активности.

Остани поврзан