• вторник, 22 октомври 2024
МИА Општински пул

22 октомври 2024 

Скопје - Поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул. „Иван Цанкар“ 8, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од истата улица.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:20 часот до завршување со работните активности.

Кавадарци - Собрание на доверители донесе одлуки за продажба на подвижен имот од стечајна маса на поранешно ,,Фени", оваа информација денеска ја потврдија од Основен суд Кавадарци за МИА. 

- На седницата одржана вчера во рамките на отворената стечајна постапка над должникот Трговско друштво за ископ на руди, производство на метали, трговија и услуги Еуроникел индустри ДОО с. Возарци Кавадарци - во стечај, присуствуваа доверители со утврдени и признати побарувања во износ од 58.414 проценти, информираа од Судот.

На дневен ред биле неколку точки, за продажба на имот од стечајната маса, меѓу кој и резервни делови, разна руда од Брег на Слонова коска, Албанија, Гватемала, цврсти горива како лигнит од Индонезија, Колубара, камен јаглен од Русија. За некои од пакетите за продажба, немало заинтересирани за понудите. Била спроведена електронска аукција.

Скопје - Општина Центар го започна процесот на планирање на буџетот за 2025 година со првата граѓанска форумска сесија, на која учествуваа градоначалникот Горан Герасимовски, раководителите на сите сектори на општинската администрација, советниците од Советот на општината, претставници на невладини организации и жителите на општината.

Градоначалникот Герасимовски во своето обраќање се осврна на досегашните постигнувања, а ги претстави и амбициозните проекти за наредната година: реконструкција на салата Работнички, улиците „Светозар Марковиќ“ и „Дебарца“, и новата општинска зграда.

Битола - Националната установа Народен театар-Битола со повеќе програмски активности ќе го одбележи големиот јубилеј, 80 години од формирањето.

Како што е познато театарот во Битола почна со работа на 14 ноември 1944 година кога е изведена едночинката „Ѓоре Магаревски“ од Владо Малески во режија на Димче Стефановски, првата театарска претстава на современ македонски јазик.

-Работиме 24/7 достојно да се одбележи роденденот на овој гигант. Заклучивме сите дека сите сме важни, но има нешто кое е над сите нас, а тоа се вика Народен театар Битола.Тековно работиме на монографија, ќе промовираме трајна поставка каде ќе бидат изложени сите награди и признанија на театарот за да може публиката да види за каков театар станува збор. Според новиот регистар имаме околу 167 плакети, награди и признанија. Работиме на еден голем проект Дигитализација на репертоарот, а до крајот на годината имаме уште 4 премиери, гостувања на три театри како роденденски подарок на нашиот театар, изјави Васко Мавровски, директор на Народен театар-Битола.

Струмица - Секторот за внатрешни работи Струмица ги известува сите лица учесници во сообраќај на подрачје на Струмица дека во следниот период ќе се преземаат засилени мерки и активности со цел санкционирање на возачите и останатите учесници во сообраќајот кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи,соопштија од овој сектор на МВР.

Во сооппштението се додава дека посебен акцент ќе се даде на непрописното паркирање на возилата на подрачје на градот Струмицаза да се обезбеди  безбеден и непречен сообраќај. 

Од полицијата апелираат до возачите превозните средства кои ги управуваат да ги паркираат на обележани паркинг места, почитувајќи ја поставената сообраќајна сигнализација. 

Струга - Шеесетгодишен жител од Струга е пријавен за исчезнат во реонот на селото Брчево, информира Планинската спасителна служба (ПСС) при Црвен крст Охрид.

Според информацијата, нивна три члена екипа и водич на куче за пребарување од здружението „Куче спасител“ од Охрид, во координација со Струшката полиција, од утрово се на терен во обид да се лоцира исчезнатото лице.

Во текот на вчерашниот ден, доцна попладне во 18 часот и 38 минути оперативниот центар на Планинската спасителна служба беше алармиран од МВР секторот за потраги по исчезнати лица, дека во реонот на село Брчево, исчезнат е жител на Струга (60 годишна возраст), со потекло од селото, кој претходниот ден се упатил да собира шумски плодови и до 16 часот и 30 минути (според соседите од селото) не се вратил во својата викенд куќа, соопшти Планинската спасителна служба.

Струмица - Секторот за внатрешни работи Струмица ги известува сите лица учесници во сообраќај на подрачје на Струмица дека во следниот период ќе се преземаат засилени мерки и активности со цел санкционирање на возачите и останатите учесници во сообраќајот кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи,соопштија од овој сектор на МВР.

Во сооппштението се додава дека посебен акцент ќе се даде на непрописното паркирање на возилата на подрачје на градот Струмицаза да се обезбеди  безбеден и непречен сообраќај. 

Од полицијата апелираат до возачите превозните средства кои ги управуваат да ги паркираат на обележани паркинг места, почитувајќи ја поставената сообраќајна сигнализација. 

Куманово - Семејна куќа била опожарена ноќеска во Младо Нагоричане, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Кумановските и пожарникарите Старо Нагоричане со три возила и осум пожарникари го изгасиле пожарот во кој е предизвикана материјална штета. Пожарот бил пријавен прво во ТППЕ Куманово, на терен се упатиле едно возило со петмина пожарникари. По еден час во интервенцијата се приклучиле и две возила на Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане со тројца пожарникари.

Пожарот бил изгаснат во 02:25 часот.

-Причината за пожарот и материјалната штета допрва ќе се утврдуваат, информираат од РЦУК Куманово.

 

Остани поврзан