• понеделник, 23 декември 2024
МИА Општински пул

11 декември 2024 

Охрид – Охридската библиотека „Григор Прличев“ го објави конкурсот за годинaшната, трета по ред, награда за најдобра беседа што се доделува во чест на македонскиот поет и преродбеник и патрон на установата.

Наградниот конкурс годинава е на тема „Чувај се себеси“, на која творел и самиот Прличев. Прличев често држел беседи пред охриѓани, а на крајот од една учебна година кога учителствувал во Охрид ја кажал токму беседата насловена „Чувај се себеси, што во 1866 година ја објавил и во весник.

Скопје - „Пред дождот“ е најзначаен филм во мојата кариера, затоа што ми ги отвори вратите на американските, светските филмови. Македонија за мене е можеби најдрагото прибежиште од земјите во Југославија. Тука луѓето се посебно убави и посебно радосни. Јас ја сакам и нивната тага, која произлегува од нивните песни, изјави за МИА актерот Раде Шербеџија, кој во понеделникот присуствуваше во Скопје, по повод 30 години од премиерата на „Пред дождот“, што се одржа во Филхармонија.

Прашан што за него лично претставува филмот „Пред дождот“, Шербеџија вели дека како гледач, импресиониран е од филмскиот ракопис и го става во најдобрите филмови кои ги има гледано во животот.

Крива Паланка - Во изложбениот простор на Националната установа Центар за култура Крива Паланка денеска беше отворена изложбата дела од 19-та Меѓународна ликовна колонија „Ѓуриште 2024".

Колонијата е во организација на Домот на култура „Крсте Мисирков", Свети Николе, а пред кривопаланечката уметничка јавност беше поставена во рамки на проектот за преземање изложби поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.

Дојран - За да функционира Хидросистемот „Ѓавато“ и да се постигнат потребите на вода за Дојранското Езеро треба да се изврши обновување, реконструкција и санирање на истиот, согласно изработен ревидиран основен проект за санација и реконструкција на ХС „Ѓавато“ со кој ќе се утврдат точните финансиски средства за негово враќање во употреба, се вели меѓу другото во мислењето дадено од Министерството за животна средина и просторно планирање кое било побарано од Општина Дојран.

Во документот се наведува дека во моментот технички се исправни само три потопни пумпи од вкупно десет и од нив се обезбедува дотур на вода од 200 до 300 литри во секунда.

Струга - Јавната здравствена установа Нефрологија – Струга нуди услуги и третман по сите стандарди во интерес на нејзините пациенти, нашите граѓани, но и оние од регионот, а создадени се и услови за развој на здравствен туризам што е од значење не само за Струга, туку и целиот Југозападен регион, истакна денеска заменик-министерот за локална самоуправа, Ерџан Селими.

По промоцијата на втората фаза од проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ што го реализира Министерството за локална самоуправа со поддршка на Владата на Швајцарија, во Струшка Нефрологија посочи дека покрај пациентите од регионот, услуги ќе добиваат и од соседството и пошироко.

Гостивар - Државата ќе мора да создаде услови, за да се подобри квалитетот на наставата и социјализација на децата, процесот за едносменска настава е дел од стратегијата на Министерката за образование и наука, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на работилница во Гостивар, на која беше претставен Документот за политики за степенот до кој Република Северна Македонија ги искористува расположивте ресурси за образование.

Таа ги повика градоначалниците да ги ангажираат и да искористат дел од средствата што се предвидени со унгарскиот заем за вложувања во училиштата.

Битола - Битола ја почна празничната сезона, која според востановената традиција се означува со свечено вклучување на новогодишните светилки на Широк Сокак, плоштадот Магнолија, Офицерскиот дом и парковите кај Саат кулата и Старата чаршија.

На 20 декември ќе почне и фестивалот „Зимска приказна“, на кој до 6 јануари ќе се реализира креирана програма и богата туристичка понуда.

Скопје - Општина Илинден информира дека со своите активности континуирано спроведува активности кои се насочени кон зачувување и промовирање на традиционалните македонски музички културни вредности.

За таа цел градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски потпиша договор со кој се дава поддршка на локалната музичка група од Општината, Енерџи Бенд во реализација на музичкиот проект за преработка на македонски патриотски песни, кои се историско наследство на македонската музика.

Тетово - Предлог одлуката за покривање на финансиските трошоци и загубите на Јавното комунално претпријатие (ЈКП) „Тетово“ беше причина за политичко несогласување во Советот на Општина Тетово што резултираше со напуштање на денешната седница на советничката група на Демократската унија за интеграција (ДУИ).

Нивната забелешка беше дека во материјалите за седницата нема доволно образложение за ваквиот потег.

Скопје - Во присуство на градоначалникот Горан Герасимовски, во ООУ „Кочо Рацин“ беа пуштени во употреба целосно реновираните кабинети за физика, хемија, германски јазик, музичко и ликовно образование. Овој проект, финансиран од Министерството за образование и наука, вклучува целосна реконструкција на најстариот дел од училиштето. Обновени се подовите, електричните и водоводните инсталации, како и плафоните и ѕидовите.

Поставени се смарт табли, реновирани се тоалетите, а наставниците добија нови простории за работа.

Скопје - Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој годинава со одржува во ООУ “Кузман Јосифовски Питу” во општина Кисела Вода. Во своето обраќање тој го поздрави македонскиот организатор, Академијата за Роботика и Иновации и укажа на важноста на ваквите натпреварувања во насока на развивање на знаењето, иновативноста и интересот за науката и технологијата кај младите.

-Минатата година, овој уникатен натпревар ги обедини младите од 104 земји, со над 40.000 тимови кои покажаа дека науката, технологијата, инженерството и математиката (СТЕМ) немаат граници. Тоа го прави овој настан вистински мост за знаење, иновации и соработка меѓу младите генерации ширум светот. Посебно се заблагодарувам на Академијата за Роботика и Иновации, како регионален партнер, за довербата и можноста овој значаен настан да биде домаќин во нашата општина.

Кавадарци  - Да се внимава при купување и користење на плински боци, да се купуваат сертифицирани производи, апелираа од кавадаречката Противпожарна единица Кавадарци, во изјава за МИА, откако пред неколку дена починаа три лица од кои еден малолетник во неготинско, а Обвинителството соопшти дека е наредена обдукција и испитување на исправноста на плинскиот уред за греење. 

Од Територијалната противпожарна единица Кавадарци потсетија на неколку покарактеристични случаи во изминатиот период во Тиквешијата, во кои имаше проблеми со плинските боци што ги користеа тиквешани. Оттаму апелираа за внимателност кај населението и правилно поставување на плинските боци. 

Битола - Есенската сеидба во битолскиот дел на Пелагонија е во последна фаза и до крајот на оваа седмица планираните 16.000 хектари со житни култури целосно ќе бидат засеани.

Поволните временски услови овозможија брза и ефикасна сеидба, а од голема корист ќе биде и мала снежна покривка за заштита на засејаните површини, изјави за МИА, Стојан Христовски, раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со седиште во Битола.

Кочани - Заврши проектот за конзервација и реставрација на Споменикот на слободата во Општина Кочани. Во делот на овој проект, Aмбасадорскиот фонд за заштита на културното наследство има обезбедено грант од 245 илјада долари. Носител на грантот е Општина Кочани, а во делот на стручниот надзор, професионалните работи ги вршел Завод и заштита на спомениците на културата и Музејот од Штип.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во своето обраќање денеска за време на посетата на споменикот, посочи дека од 2001 година до денес, од Амбасадорскиот фонд се вложени околу два милипони евра.

Тирана - Албанија и Северна Македонија ќе бидат поврзани со нов граничен премин, што ќе го создаде изградбата на коридорот 8, чии работи продолжуваат од двете страни истовремено, објави албанската министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку.

- Додека ние градиме во правец на Северна Македонија, Северна Македонија гради во правец на Албанија, за да се спојат на мостот кај Буштрица, каде воедно ќе биде и новиот граничен премин, кој ќе биде преку тунел, наведува Балуку.

Куманово - Националната установа Музеј Куманово организира бројни настани, изложби, промоции на нови публикации, едукативни програми и други културни активности во чест на шеесет години од постоењето на установата, соопштија денеска од Музеј Куманово.

- Музејот е еден од најзначајните културни центри на нашата република, и има долгогодишна традиција во собирање, чување, истражување, документирање и презентирање на културното наследство на Куманово и неговата околина. Во континуиран растеж, преку своите изложби, промоции, едукативни програми и други културни и уметнички активности, НУ Музеј Куманово ја докажува својата трајна посветеност кон збогатувањето на индентитетот на Куманово и Македонија, изјави ВД директорот на установата Марија Живачки.

Остани поврзан