• сабота, 18 мај 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

28 септември 2023

Даблин - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери заедно со пратеникот Никола Мицевски и генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова ќе учествува на Европската конференција на претседатели на Парламенти на Советот на Европа во Даблин, Република Ирска.  

Скопје - Седница на Собранието на Република Северна Македонија. (сала „Македонија“/ 11:00)

Скопје - Работен состанок на тема: „Поврзаноста на Националната развојна стратегија со просторно планирање и регионален развој“ во организација на собраниските комисии за локална самоуправа и за транспорт, врски и екологија. (сала на Уставна комисија/ 12:00)

Скопје -  Министерката за одбрана Славјанка Петровска и командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал мајор Грегори Најт ќе присуствуваат и ќе се обратат на свеченоста за одбележување на 30-годишното партнерство помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Националната гарда. ( Министерството за одбрана/ 18:30, медиумските екипи да пристигнат најдоцна до 18:10)

Скопје - Министерот за правда Кренар Лога ќе одржи брифинг за медиуми. (во просториите на Министерството за правда/ 12:00, по завршување на брифингот министерот ќе даде изјава за Законот за амнестија)

Скопје - Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер организира интерактивен настан со проширена група граѓани по повод Меѓународниот ден за универзален пристап до информации од јавен карактер. (Ист Гејт и Сити Мол/ 12:00 – 18:00)

Скопје - Отворена средба со граѓаните на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во Шуто Оризари. (во салата на Советот на Општина Шуто Оризари/10:30)

Штип - Десетто издание на Меѓународната научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“ во организација на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“. (Свечена сала на Правниот факултет/ 9:30, изјави за медиумите пред Свечената сала/ 9:15)

Скопје - 20. Меѓународен симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија насловен „Отпорни конструкции“. (х. „Хилтон“/ 9:30, или на лајв стримот: Youtube Stream Link: https://www.youtube.com/watch?v=-ZRU5fhRI2A, изјави за медиумите/ 9:00)

Скопје - Изјава на претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски. (пред зградата на ССМ/ 10:45)

Скопје - Институтот за медиуми и аналитика ИМА организира настан за промовирање на публикацијата „Уставните измени во медиумите: дезинформации, медиумски манипулации, говор на омраза (анализи)“. (х. „Сити Парк“/ 12:00)

Скопје - Доделување на ЕУ наградата за истражувачко новинарство 2023 во организација на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Томсон медија и Делегацијата на ЕУ во Скопје. (Europe House/ 19:00)

Велес - Национална турнеја на проектот „Простор за разговор“- „Dancing (Talking)Table" за подигање на свеста за родовата еднаквост и семејното насилство. (на Малата сцена на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“/ 12:00)

Скопје - Завршен настан за проектот „Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот - Не оставај никој зад себе” што го спроведува здружението на граѓани Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД. (Центар за социјални претпријатија, позади Спомен куќата на Мајка Тереза/ 10:30)

Скопје - Свечена академија по повод Меѓународниот ден на Бошњаците во организација на Бошњачки национален совет на РСМ. (Албански театар/ 19:00)

Гостивар – Градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари во Средното техничко училиште ќе промовира неколку инвестиции (13:00), а ќе присуствува и во Дебреш каде свечено ќе се изврши асфалтирање на првиот дел од патот Дебреш – Здуње (13:30)

Скопје - Прес-конференцијата и прослава за престижната титула Европска престолнина на културата за 2028 година, што Градот Скопје ја доби од Европската унија. (Градски парк, „Школка“/ 11:30)

Скопје – Прес-конференција за 19. издание на Виз Ер Скопски маратон. (СЦ „Јане Сандански“/ 11:00)

Битола – ИФФК „Браќа Манаки“ – програма:

- Прес-конференција со кинематографот Ченгма Жијуан. (Офицерски дом/ 11:00)

- Мастер клас со Шејмус Мекгарви. (Кино „Манаки“/ 12:30)

Крива Паланка – 15. Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“. (19:00)

Велес – Прес-конференција за годинашното издание на ИФАД „Стоби“. (во просториите на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“/ 12:30)

Скопје – Омаж и  ретроспективно јубилејна изложба на Миле Корубин. (Чифте амам/ 20:00)

Скопје – Изложба „Загреб“ на фотографот Лука Мједа од Загреб, Р. Хрватска. (Музеј на град Скопје/ 19:30)

Скопје – Модната еволуција на Скопје - спојување на стилот и одржливоста на 27. издание на Моден викенд Скопје. (Урбан Гарден комплекс, бул. „3-та Македонска бригада“ бб, веднаш до Американ колеџ/ 19:00)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан