• петок, 10 мај 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

1 февруари 2024 

Скопје - Онлајн средба на претседателот на Собранието на Северна Македонија Јован Митрески со претседателот на Врховната Рада на Украина Руслан Стефанчук. (11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за економски прашања. (Сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. (Сала 4/11:00)

Вашингтон - Вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска во рамки на посетата на САД ќе присуствува на традиционалниот молитвен појадок.

Ресен - Прес-конференција на градоначалникот на Општина Ресен Јован Тозиевски. (Општина Ресен, голема сала/12:30)

Охрид - Прес-конференција на Здружението „Ретко е да си редок“ - Охрид за Националната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2024“ во Охридско-струшкиот регион. (х.„Су“/11:00)

Скопје - Прес-конференција на Европски сојуз за промена. (Кај плоштадот Скендербег/13:00)

Скопје - Промоција на книгата „Долгата транзиција на Македонија: од независноста до Преспанскиот договор и потоа“, приредена од професорите Роберт Хадсон и Иван Додовски. (Музеј на македонската борба за самостојност/18:00)

Скопје - Отворање на ретроспективната изложба на Ангел Димовски – Чауш насловена „50 години творештво“. (Национална галерија, објект Чифте амам/19:30)

Скопје - Отворање на нова ликовна продажна изложба на значајни македонски творци од различни генерации. (Галерија Матица, изложбен салон)

Скопје - Новата книга „Манчевски: Пет есеи“ на режисерот Милчо Манчевски ќе биде претставена како дел од целовечерна мултимедијална презентација (со проекција на филмови и промоција). (Едукативен културен центар „Лабораториум“, стара печатница на „Нова Македонија“, бул. „Климент Охридски“ 68/19:00)

Скопје - Оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот „Чистина“ на кој како солистка ќе настапи перкусионистката Татиана Колева (Холандија/Бугарија), а диригент е маестро Емил Табаков од Бугарија. (Македонска филхармонија/20:00)

_______________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

Остани поврзан