• недела, 24 ноември 2024
МИА Најави  МКД

23 мај 2024

Скопје - Делегација на Собранието, во состав Марија Георгиевска и Тони Јаревски по повод одбележување на 24 Мај - Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј ќе положи цвеќе пред споменикот на „Св.Кирил и Методиј“ на платото на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј"- Скопје. (11:00)

Скопје - Меѓународна конференција на тема „Предизвиците и потребите на жените претприемачки“, на кои ќе учествуваат жени претприемачки од Украина, Црна Гора, Косово, Србија и Албанија во организација на Занаетчиската комора Скопје. (Занаетчиска комора, ул.„Битпазарска“ бр. 12, Стара скопска чаршија/10:30)

Скопје - Информативен настан за основање Совет за зелена градба на Република Северна Македонија. (Комора на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, ул.„Партизански одреди“ бр.29, ТЦ Буњаковец, кат 2/10:30)

Штип - Предавање на тема „Статистичките податоци на Народната банка: Клучен фактор за донесување одлуки засновани на докази“ на Султанија Бојчева-Терзијан, директор на Дирекцијата за статистика во НБРМ. (Економски факултет при УГД/10:00)

Гевгелија - Групацијата Новоматик Македонија ќе ја предаде донацијата – амбулантно возило на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Гевгелијa. ( ЈЗУ Општа болница Гевгелија, изјави за медиумите/12:00)

Гостивар - Локална конференција „Гостивар - Општина посветена на децата“ во рамки на проектот „Место за растење: Општини посветени на децата“ во организација на Првата детска амбасада во светот Меѓаши. (Youth and Community Center/9:30-17:30)

Штип - Потпишување меморандум за соработка меѓу ЈП „Стипион“ и  Мрежа за рурален развој на Северна Македонија со партнерот ЛАГ Плачковица, Општина Штип, ТДВИЛ-ЗД Градител 89 ДОО, Лонгуров ДОО за спроведување на проектната иницијатива „Еко конект: Искористување на соларни и еко автобуски постојки за рурален напредок и поврзаност“. (Општина Штип/13:00)

Штип - Изјава за медиуми на Трајче Здравков, шеф на кабинетот на градоначалникот на Штип по повод одбележување на 24 Мај - Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј. (10:00)

Штип - Промоција на книга „Штип европски град на спортот“ од Кирил Манев.(Мултимедијален центар „Киро Глигоров“/12:00)

Скопје - Манифестација „Цртање на асфалт“ под мотото „Ја учам азбуката, моите први букви“  во организација на Детски културен центар – Карпош. (Детски културен центар - Карпош/10:00)

Битола - Танцов перформанс  „Простор за разговор“ во организација на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување во соработка со Интерарт културниот центар. (Дом на културата/12:00, изјави за медиумите/11:30)

Битола - Интернационален фестивал на монодрама, прес-конференција. (Центар за култура/10:00)

Скопје - Ретроспективна изложба на Драган Верговски – Алпи. (Чифте амам/20:00) 

Неготино - Отворање на изложбата „Фрагментирана интроспекција“ од авторот Слободан Милошески. (Изложбен салон на Музеј на град Неготино/19:30) 

Загреб - Отворање изложба насловена „Мистерија и индивидуализам“.на Синиша Новески. (Културно информативен центар на Република Северна Македонија/20:00)

Скопје - Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини во рамки на 52. „Мајски оперски вечери“. (Национална опера и балет/20:00)

Скопје - Официјално затворање на концертната сезона на Македонската филхармонија со концертот „Алфа и омега“ на пијанистот Фазил Сај. (Македонска филхармонија/20:00)

Охрид - Проекција на филмот „Тајниот код на Константин“ во организација на општина Охрид и Амбасадата на Република Словачка во Скопје. (УИНТ „Св. Апостол Павле“/19:00)

Белград - Премиерна изведба на документарниот филм „Градина" во режија на Бојан Тантуровски на фестивалот Белдокс.

Тирана - Концерт на Добрила и Дориан дуо во организација на македонскиот Културно- информативен центар во Тирана.

 

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан