• петок, 03 мај 2024
МИА Најави МКД

20 април 2023 

Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“/10:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за економски прашања. (Сала 6/12:30)

Скопје - Официјално започнување на заедничката операција на ФРОНТЕКС во Република Северна Македонија. (Полициски тренинг центар во Ѓорче Петров/9:30, пристигнување на медиумите/9:10)

-Поздрав и обиколка на полициските службеници од Заедничката операција на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и извршниот директор на Фронтекс Ханс Лејтенс. (9:30-9:45)

- Обраќања на премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Илва Јохансон - еврокомесар за внатрешни работи (видео обраќање), Дејвид Гир - шеф на ЕУ Делегацијата во Северна Македонија, Лена Дупонт - член на Европскиот Парламент и известувач за Договорот за статус помеѓу ЕУ и Република Северна Македонија и Ханс Лајтенс, извршен директор на Фронтекс. (9:45-10:20)

-Прес-конференција на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Ханс Лејтенс, извршен директор на Фронтекс (10:30-11:15)

Битола - Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи ќе ја посети компанијата „Brainchild Production“ во Битола, која изработува спортска опрема. (Седиште на компанијата ул. Бурса бр 57, по завршување на состанокот  вицепремиерот Битиќи ќе даде изјава за медиумите/10:50) 

Скопје - Прес-конференција на министерот за економија Крешник Бектеши. (Прес центар на Владата/11:00, линк на македонски јазик/https://www.youtube.com/watch?v=3fM6qa0gBwM, линк на албански јазик https://www.youtube.com/watch?v=75uJHN6_hEY)

Скопје - Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, в.д амбасадорот на САД Ерик Мејер и заменик координаторката на ГЛОБЕ Македонија Ана Димишкова ќе присуствуваат на настанот „Инвестираме во знаење – помагаме на планетата“ по повод Денот на планетата Земја. (Клуб на пратеници/10:00, изјава за медиуми од министерката Каја Шукова во паркот на Клубот/10:30)

Скопје - Уставниот суд ќе ја одржи 15-та Седница. (Уставен суд/9:30)

Скопје - „Регионална интеграција на пазарот на труд: Предзвици и можности од иницијативата Отворен Балкан и пристапувањето во ЕУ“ во организација на „Finance Think“. (х.„Мериот/11:10, изјави за медиуми, хол на вториот кат/11:00)  

Скопје - Свеченото отворање на манифестацијата „Денови на Холандија“ во организација на Амбасадата на Кралство Холандија, „European plants“ и „East Gate Mall“. (Главен влез пред трговскиот центар East Gate Mall/13:00)

Скопје - Дискусија за менталното здравје на младите и социјалните медиуми во организација на Центарот за менаџмент на човечки ресурси при Филозофскиот факултет во Скопје. (Филозофски факултет/12:00, изјави за медиуми/11:45)

Скопје - Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски ќе одржи прес-конференција на која ќе биде промовиран проектот „Со дигитализација до ефикасна администрација”. (Простории на Општина Кисела Вода/10:00)

Скопје - Социјалистичката партија на Македонија ќе ја промовира книгата „Дали е социјализмот можен“ од Александар Грличков. (Седиште на СПМ, голема сала/11:00)

Скопје - Прес-конференција на партијата Македонски Концепт (МК). (х.„Парк Резиденс и Спа“, конференциска сала „Барселона“, на кеј на Вардар кај Градски стадион/10:00)

Скопје - Туристичката организација на Србија во сорабока со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Северна Македонија организира промоција на српскиот туризам во Скопје. (х.„Александар Палас“/12:00, изјави за медиуми/13:00)

Скопје - Сојуз на извидници на Македонија ќе одржи прес-конференција по повод започнување на меѓународна соработка со Република Хрватска и Сојуз на извидници на Хрватска преку проектот „Боранка станува Боренка“ (Boranka postaje Borenka). (Младински центар „Матично“, старо Матично-зад Општина Центар/11:00)

Скопје - Предавање „Заеднички до еколошки здрава храна“ на Верица Зафирова Стаубо од Норвешка. (Дом на култура „Кочо Рацин“, Галерија „КО-РА“, мал салон/14:00)

Скопје - Омаж во чест на шпанскиот поет Хусто Хорхе Падрон. (Друштво на писателите на Македонија/12:00)

Скопје - Почнува петтото издание на „Златна рамка“, ревија на македонски филмови во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ). (Кино „Фросина“ и Кинотека/17:00, Студентски дом „Гоце Делчев“/18:00, Кинотека и Кино „Форсина“/19:00, Кино „Фросина“/21:00)

Подгорица - Драмски театар-Скопје со претставата „Мојот маж“ учествува на регионалниот театарски фестивал РУТА. (Градско позориште Подгорица) 

Штип - Промоција на Избраните дела во пет томови од Блаже Миневски. (Дом на културата „Ацо Шопов“/12:00)

Велес - Отворање на изложбата „Кружни поврзувања“ на Петра Јовановска со уметниците Шарка Цоганова и Вит Павлик од Р.Чешка. (Ликовен салон при Народниот музеј/19:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан