• среда, 26 јуни 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

4 јуни 2024 

Скопје – Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала на Уставна комисија/ 12:00) 

Скопје – По повод одбележување на Денот на Европа – 9 Мај, Фондацијата Конрад Аденауер и Европското движење во Република Северна Македонија организираат настан во чии рамки ќе биде организирана и панел дискусијата на тема: „Европската Унија како предизвик и предизвиците на Европската Унија: Европа 74 години после Шумановата декларација”. (во „Рагуса Руфтоп“ (Катна гаража „26 Јули“, „Св. Кирил и Методиј“ бр. 1/ 11:00)

Скопје – Форум: „70 години од Хашката конвенција од 1954 година“ во организација на Македонскиот национален комитет на Синиот штит, а во соработка со Музејот на град Скопје и Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Република Северна Македонија. (Музеј на Град Скопје/ 12:00) 

Скопје – Прес-конференција на градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски на која ќе ја промовира новата услуга насловена „Итно копче“ наменета за најранливите категории на граѓани, стари и изнемоштени лица. (Општина Кисела Вода/ 11:00)

Струга – Перформанс „Простор за разговор“ во организација на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување во соработка со Интерарт културниот центар. (Дом на културата / 12:00) 

Скопје – Потпишување на соработката меѓу MintIns и Interdomestik. (ул. „Димитрие Чуповски“ 22, општина Центар, кај Круг, Радио бар/ 11:00)

Скопје – Концерт по повод 30 години дипломатски односи помеѓу Македонија и Шпанија, на кој ќе настапат нашите реномирани уметници - пијанистот Дино Имери и диригентката Дијана Имери Илкоска. (Камерна сала на Филхармонија/ 20:00)

Скопје – Солистички концерт на Арда Мустафаоглу. (КИЦ, Салон 19:19/ 19:19)

Скопје – Прв Фестивал на мјузикли за деца и млади во организација на Детски културен центар - Карпош. (МКЦ, кино „Фросина“/ 19:00)

Скопје – Завршна презентација на меѓународниот проект Е.Т.Е.Р.И.А. (Факултет за драмски уметности, просторија: Мал базен/ 13:00 – 15:00)

Велес – Трет Интернационален спортски спектакл во Македонија – Спортски игри. (Градски парк Велес/19:00)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан