• четврток, 16 мај 2024
МИА Најави МКД

9 мај 2024

Скопје – Центарот за развој на Скопскиот плански регион организира дводневна информативно-едукативна работилница за градење на капацитетите на организации и центри за стручно образование и обука за развој и акредитација на програми за вештини и усовршување во Република Северна Македонија. (х. „Панорамика Дизајн“/ 11:30)

Скопје – Свечено отворање на Меѓународниот конгрес за туристичка економија и култура, организиран во соработка со Универзитетот Сивас Џумхуриет и Меѓународниот балкански универзитет. (Меѓународен балкански универзитет, IBU кампус/ 11:00)

Кавадарци – Винарската визба „Тиквеш“ организира средба со лозарите во насока на зајакнување на соработката преку едукација и споделување на знаења, техники и иновации. (Винарската визба „Тиквеш“/ 12:00)

Кавадарци – Во организација на Лајонс клуб Тиквеш – Кавадарци ќе гостува театарот од „Ј.Х.К Џинот“ од Велес со изведба на драмата „Вечера за глупаци“. (Дом на културата „Иван Мазов – Климе“/ 20:00)

Скопје – Прес-конференција по повод концертот „Мизар + Хармосини: Гласови“. (во простории на концепт продавницата „Екотип“, ул. „Орце Николов“, бр. 202/ 11:00)

Скопје – Разговор со поетесата Долорес Атанасова-Лори, чија стихозбирка „Сега ТИ стануваш ЈАС“ е книга на месецот. (во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, во спомен-собата „Т’га за југ„/ 19:00)

Скопје – Поетско-преведувачката вечер со проф. д-р Зоран Анчевски. (во Аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“/ 18:00)

Скопје – По повод Денот на победата над фашизмот - 9 Мај, што е воедно и последниот ден од изложбата „Црвеното училиште“ на Дубравка Угрешиќ, Контрапункт, во рамки на деветтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура и Мултумедијалниот институт од Загреб ќе се одржи промоција на 4 книги (box-set)  од Дубравка Угрешиќ, во превод на Владимир Јановски и Алек Кузмановски. (КСП Центар – Јадро/ 19:30)

Скопје – Самостојна изложба на Камуран Горанци КОД4. (Чифте амам/ 19:00)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан