• среда, 24 април 2024
МИА Најави МКД

17 април 2024 

Скопје - Прес-конференција на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. (Министерство за култура /10:00)

Скопје - Европската Унија и Советот на Европа организираат тематска дискусија „Поддршка за новинарскиот интегритет: Заштита на новинар(к)ите и медиумските актери во Северна Македонија“. (х.„Александар Палас“/10:30)

Велес - Делегацијата на Европската Унија и Јуроп Хаус ќе одржат дискусија насловена „Дигитални јамки и замки“. (Јуроп Хаус/11:30)

Скопје - Тркалезна маса посветена на фриленсерството во Северна Македонија, организирана во рамки на проектот „Проширување на можностите за претприемништво на младите и економско зајакнување на жените“, поддржан од Амбасадата на САД. (х.„Парк резиденс“/12:30)

Скопје - Регионален настан „Дијалог помеѓу засегнати страни за намалување на емисиите на јаглерод во земјоделството“ во организација на АгФутура Технологии. (х.„Холидеј ин“/10:00)

Скопје - Град Скопје ќе одржи прес-конференција. (Простории на Град Скопје/14:30)

Скопје - Прес-конференција на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, и претседателот на СГИП, Иван Пешевски. (Пред дирекција ЈП Национални шуми, кај Европски факултет/11:00)

Скопје - Прес-конференција на Конфедерација на синдикалните организации на Македонија КСОМ. (Канцеларии на КСОМ, спроти Истгејт, кај Комунална хигиена/11:00)

Скопје - Прес-конференција на Независниот синдикат на ЈЗУ Геријатрија и палијантивна медицина „13 Ноември“. (Двор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатрија и палијантивна медицина „13 Ноември" /10:00)

Скопје - Студиски ден на Институтот за национална историја, на тема „Просветната дејност на медресите и манастирските школи во Македонија (XIV-XVII век): компаративни анализи“. (Институт за национална историја, голема сала/12:00) 

Скопје - Отворен ден на МИТ Универзитетот. (Простории на МИТ Универзитетот/12:00)

Скопје - Прес-конференција по повод премиерата на претставата „Хеда Габлер“. (Драмски театар/11:00)

Скопје - Прес-конференција на која ќе биде презентиран проектот „Хепи Хипо Шоу – За кохезивно и инклузивно општество“ кој се реализира од Здружението на граѓани Театар „Боеми“ во општините Кисела Вода, Гази Баба и Куманово (Пред Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Општина Кисела Вода/11:45) и изведба на претставата - Форум театар (12:00)

Скопје - „Неименувана“ - изложба на современи бајки за македонски хероини. (КСП Центар Јадро/19:00)

 

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024 

Скопје - Претставници на подносителите на листи за кандидати за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија ќе потпишат Кодекс за фер и демократски парламентрани избори. (Собрание на Република Северна Македонија, кристална сала/12:00, изјави за медиумите/12:45)

Чашка/Свети Николе/Велес - Кандидатката за претседател на државата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Чашка (17:30), Свети Николе, (18:30) и Велес (20:30)

Скопје - Кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, Максим Димитриевски, ќе одржи средби со граѓани во Чучер-Сандево (Центар на с.Кучевиште/17:30), Бутел (Штаб на Движење ЗНАМ - За наша Македонија, Live stream fb Maksim Dimitrievski/19:10), Чаир (19:45) и во Гази Баба (с.Јурумлери/ 20:30)

Скопје - Прес-конференција на кандидатот за претседател на државата од Коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари. (Пред Гинекологија Чаир/11:00)

Липково - Кандидатот за претседател на државата од коалицијата „Вреди“ Арбен Таравари ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Општина Липково. (Спортска сала на с.Отља /20:30)

Скопје/Струга/Охрид/Битола - Кандидатот за претседател на државата од ГРОМ и коалиција „Храбро за Македонија“ Стевчо Јакимовски ќе има средба со пензионери на Тафталиџе (Ланџ бар „Бис“ / 10:00), средби со граѓани во Струга (14:00), Охрид (15:30) и во Битола (18:00). По средбите се предвидени изјави за медиуми на плоштадите во секој град.

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 



Остани поврзан