• недела, 21 јули 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

6 декември 2023 

Скопје Средба на претставници на Светска банка со собраниската Комисија за финансирање и буџет. (сала на Уставна комисија/10:00)

Скопје – Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 4/ 11:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (сала „Борис Трајковски“/ 12:00)

Брисел – Премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија Бојан Маричиќ во работна посета на Брисел.

Скопје Годишна конференција за децентрализација и локално управување, во организација на Програмата за развој на Обединетите нации - УНДП и Министерството за локална самоуправа, на која ќе се обратат министрите за локална самоуправа и за финансии, Ристо Пенов и Фатмир Бесими. (х. „Александар Палас“/ 10:30)

Штип – Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во работна посета на Штип.

- посета на НУ Библиотека „Гоце Делчев“. (изјава на министерката за култура, Бисера Костадиновска - Стојчевска/ 11:15)

- увид во изградба на брана на река Отиња. (изјава на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски/ 11:45)

- посета на канцеларија Источен плански регион. (изјава на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски/ 13:30)

Скопје – Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) организира Отворен форум за антикорупција. (х. „Холидеј Ин“/10:00, изјави за медиумите од 11:00-11:30)

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата организира панел: „Како да се постигне подобра соработка во борбата против корупцијата меѓу јавниот, граѓанскиот и бизнис секторот“ во рамки на Отворен форум за антикорупција. (х. „Холидеј Ин“/ 14:00)

Скопје – „Микро, средни и мали претпријатија како основа за одржлив економски раст” – Презентација на под-грантовите активности на проектот „ЕУ за економски раст“. (МКЦ/10:00)

Скопје – Аналитика тинк-тенк организира настан: „Преку зајакнување на фискалните и здравствените политики до намалени смртни случаи, спречување на пушење кај младите и зголемени буџетски приходи во Северна Македонија“. (х. „Хилтон“/ 11:00 – 13:00, изјави за медиумите од 10:30 до 11:00)

Скопје – Регионална работилница за управување со големи месојади и обука на интервентен тим за мечки во организација на МЖСПП. (Клуб на пратеници“/ 9:50)

Битола - Јавна дискусија „Слободните индустриски зони и нивното значење за економскиот развој на Битола“. (х. „Милениум“/ 12:00)

Скопје – Брифинг на Граѓанската хуманитарна иницијатива со слоган: „Помогни, донирај и заштити ја животната средина“. (кафе-бар Паб Карактер, ул. „Ленинова“, Дебар Маало/ 10:00) 

Скопје – „Транснационален и вмрежувачки настан за можностите на Креативна Европа – Култура за 2024 година“. (НУ Музеј на македонската борба за самостојност/ 10:30)

Скопје – Туристичката организација Бар и Амбасадата на Црна Гора во Република Северна Македонија организираат промоција на туристичката понуда за новогодишната програма на Бар. (х. „Хилтон“, Roof Bar No. 55/ 11:00)

Скопје – Промоција на блу-рејот „Пет македонски етнолошки филма“ и книгата „Документарниот филм и идентитетот“ на м-р Сунчица Симоновска Веселиновска. (Кинотека на Северна Македонија/ 12:00) 

Скопје – Со прикажување на филмот „ИО“ на Јержи Сколимовски започнува Недела на полски филм во организација на Кинотека на Северна Македонија и Амбасадата на Полска во Скопје. (Кинотека на Северна Македонија/ 20:00)

Скопје – Трибина: „Книжевната сцена во современиот културен контекст“. (КИЦ, во Салон Империјал 1/ 12:00)

Скопје – Трибина: „Детска книжевна продукција“. (КИЦ, Салон – Империјал 1/ 13:30)

Скопје – Традиционален свечен концерт на ФМУ - Скопје. (Филхармонија, Голема сала/ 20:00)

Скопје – Промоција на три нови аудио изданија на Сојузот на композиторите на Македонија - СОКОМ. (во просториите на СОКОМ, ул. „Максим Горки“, бр. 18/ 13:00)

Скопје – Онлајн настан – Разговори со македонски визуелни уметници - Кристина Пулејкова во организација на КСП – Центар Јадро. (20:00)

Скопје – Годишна изложба на дела на Родољуб Анастасов од колекцијата на Галерија „Јустина и Родољуб Анастасов“. (Музеј на град Скопје/ 19:30)

Скопје - Промоција на првите два броја од меѓународното научно списание „Балкански хип-хоп студии“. (Дом на култура „Кочо Рацин“/18:00)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан