• среда, 24 април 2024
МИА Најави - МКД

8 февруари 2023 

Скопје – Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (сала „Борис Трајковски“/ 12:00) 

Скопје - Средба на пратеникот Панчо Минов со Александре Мартинез, регионален советник за земјоделски прашања и Ирене Кетоф аташе за соработка во Француската амбасада. (Канцеларија 219/10:00)

Скопје – Министерот за здравство Беким Сали ќе ги посети Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ и Универзитетската клиника за неврологија, по повод обезбедена нова медицинска опрема со поддршка од Светска банка. (Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“/ 10:00 по што ќе следат изјави и Универзитетската клиника за неврологија/ 11:00, по што ќе следат изјави)  

Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ќе одржи средба со малите производители на храна членови на Алијанса Премиум. (простории на Алијанса Премиум, населба Автокоманда, ул. „Архимедова“/10:00)

Скопје – Брифинг во врска со анкетното истражување за потребите на проектот: „Подобрување на транспарентноста и отчетноста на полицијата во Република Северна Македонија“ имплементиран од Евротинк – Центар за европски стратегии и финансиски поддржан од Националниот Фонд за Демократија од САД. (во просториите на Евротинк – Центар за европски стратегии/ 11:00) 

Скопје – Комеморација во спомен на маестро Милан Завков. (во фоајето на Националната опера и балет/ 10:00) 

Скопје – Презентација на проектот: „Создаваме град, градиме иднина! На Културно Ехо. (КСП Центар – Јадро/ 20:00) 

Скопје – Свечено отворање на „Денови на канадската литература“ организирана од издавачката куќа Феникс во соработка со Канадската амбасада. (ДПМ/ 12:00) 

Битола – Промоција на книгата „Гимнастиката во Битола“ на спортскиот хроничар на Битола, Димче Миновски. (Офицерски дом/ 19:00) 

Будимпешта – Премиера на претставата „Дон Жуан“ од Молиер, во режија на Александар Поповски. (Национален театар на Унгарија) 

Скопје – Изведба на претставата BELLA FİGURA од Јасмина РЕЗА а во режија на Ирена Стеријовска. (НУ Турски театар/ 20:00) 

Скопје – Прес-конференција на Ракометниот клуб Вардар 1961 пред одигрување на домашниот натпревар од новата сезона во СЕХА-Газпром лигата против Татран Прешов од Словачка. (сала за прес-конференции во СЦ „Јане Сандански“/ 11:00) 

 

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Тагови

Остани поврзан