• четврток, 25 јули 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

27 февруари 2024 

Скопје - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески на одбележување на јубилејот – 80 години од Февруарскиот поход и од смртта на народниот херој Кузман Јосифовски Питу. (Дом на Армијата/11:00)

Скопје - Средба на Клубот за младински прашања и политики со претставници од ОБСЕ, Канцеларија за демократски институции и човекови права. (Сала на Уставна комисија/9:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. (Сала 4/11:00)

Скопје - Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски ќе извршат увид во градежните активности на доградбата на детската градинка „Гоце Делчев“ во Општина Илинден. (10:45)

Скопје - Прес-конференција на Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, Амбасадите на Швајцарија, Романија, Грција и Албанија. (Europe House Скопје/11:30)

Тетово - Градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами ќе ја пушти во употреба реконструираната улица „Браќа Миладинови”. (Изјава за медиумите во близина на џамијата „Муаремче/11:00)

Скопје -  Прес- конференција на Демократската унија за интеграција. (пред Државна изборна комисија/11:00

Битола - Универзитетот ,,Св.Климент Охридски“-Битола ќе промовира нова опрема, купола за виртуелна реалност. (ФИКТ/12:00)

_______________________________________________________________________________________________

МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини.

 

Остани поврзан