• вторник, 20 февруари 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

28 ноември 2023 

Скопје - Седница на собраниската Комисија за здравство. (Собрание, Сала 4/13:00)

Скопје - Седница на собраниската за финансирање и буџет. (сала „Борис Трајковски“/14:00)

Скопје - Потпишување на Меморандум за разбирање меѓу Собранието, Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД), Министерството за надворешни работи и Британската Амбасада во Скопје. (Собрание, Сала на Влада/12:00)

Брисел - Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на Меѓународна конференција за глобален сојуз за борба против криумчарење мигранти.

Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе додели 133 договори за грант на малите производители на храна од неживотинско потекло. (х.„Белви“/10:00, изјави за медиуми пред почетокот на настанот)

Македонски Брод - ВМРО-ДПМНЕ продолжува со кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ во општина Македонски Брод.

- Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе ја посети општинска зграда и ќе изврши увид во проектот за енергетска ефикасност на просториите (12:30), ќе го посети градското Кале каде што ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на овој локалитет (12:45 ), изјава за медиуми (кај мостот на река Треска и почеток на улица „Партизанска“ на која се реализира проект за изградба на тротоарите со потпорни ѕидови/ 13:15), обраќање пред граѓани (Дом на култура во општина Македонски Брод/17:00)

Скопје - Комората за информатичко-комуникациска технологија при Сојузот на стопански комори на Македонија ќе ги додели сертификатите за Верификуван македонски ИКТ производ. (Универзитет Скопје, Бул. „Партизански одреди“ бр.99/17:00, изјави за медиумите/16:45)

Скопје - Меѓународниот форум за креативни индустрии: Одржливо претприемништво во креативните индустрии во организација на Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ. (Кино „Синеплекс“/10:00)

Скопје - Саем на креативни индустрии во организација на здружението „Балкан синема ситис“ и Унијата на македонски организации во креативните индустрии УМПАКИ. (Кино „Синеплекс“ и втор кат на „Скопје сити мол“/11:00) 

Скопје - Конференцијата „Законите и подзаконските акти за млади", организирана од  Организација за дијалог и афирмација на средношколците и студентите - ОДАС, на која ќе се обратат претседателката на ОДАС Анисија Угриновска, претставничката на Европската Унија Адријана Дуту и пратеничката Марија Петрушевска. (Едера Руфтоп/10:30, изјави за медиумите/11:00)

Штип/Кочани - Завршува кампањата „Бидете херои на чесноста“. (ООУ „Гоце Делчев“ во Штип/10:00, и во ООУ „Никола Карев“ во Кочани/13:00)

Скопје - Промоција на публикацијата „Медиумите и човековите права (анализи)“ и панел-дискусија во организација на Институтот за медиуми и аналитика ИМА. (х.„Квинс“,ТЦ Зебра, ул. Васил Ѓоргов бр. 16/12:00) 

Скопје - Свечена академија по повод Денот на албанското знаме, под подкровителство на претседателот на ДУИ, Али Ахмети. (Филхармонија/17:00)

Тетово - Потпишување декларација на коалицијата „Европски Сојуз за Промени“.  (Во Спортската сала на Средното медицинско училиште во Тетово/18:30) 

Скопје - Промоција на книгата  „Срма за Ацо Шопов'' во издание на здружението Македониум од Белград. (Дом на културата „Кочо Рацин''/19:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Таен премин кон Месечината“ на Ване Костуранов. (Галерија „Метаноја“, ул. Максим Горки бр. 19/18:00)

Скопје - Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ во режија на Андреј Цветановски. (Драмски театар/20:00)

Скопје - Изведба на операта „Кармен“ од Жорж Бизе. (Сцена на Националната опера и балет/20:00)

________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан