• петок, 05 декември 2025

МИА Најави - МКД (ДПЛ)

МИА Најави - МКД (ДПЛ)

16 октомври 2025

Прилеп - Министерот за здравство, Азир Алиу ќе ја посети Општа болница Прилеп по повод промоција на нова медицинска опрема. (Општа болница Прилеп/13:00, предвидени се изјави по посетата)

Скопје - Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) ќе го одбележи Светскиот ден на храната и 80-годишнината од основањето на ФАО под мотото „Рамо до рамо за подобра храна и подобра иднина“. (Градски парк, Парк на Франкофонијата/11:00)

Скопје - Прес-конференција на претседателот на СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски. (Зграда на ССМ на 6ти кат/10:30) 

Скопје - Отворање на Game Dev Rev Conference 2025 во организација на Асоцијација на македонската индустрија за развивање на видео игри (МГИ Скопје). (Македонски народен театар/10:00)

Скопје - Прес-конференција по повод новата претстава „Куршуми над Бродвеј" на режисерот Ненад Витанов. (Драмски театар/10:00)

Скопје - Самостојна изложба на Верица Ковачевска „Кога водата ќе секне (When Water Runs Dry)”. (Објект Чифте амам/20:00)

Скопје - „Муабет со портретот и актот преку цртежот“ изложба на цртежи од Лоран Куфало. (КИЦ, Изложбен салон Империјал 1/20:00)

Скопје - Фото-кино клуб „Козјак” од Куманово, во соработка со Котур Филм и Кафе, ќе прикаже ревија од осум филма. (Простории на скопското културно место Котур Кафе и Филм/20:00)

Скопје - Свечено затворање на ДММ 2025 и доделување на наградите на СОКОМ. (Филхармонија, голема сала/20:00)

Скопје -  Почнува 44. Скопски џез фестивал (НОБ/20:00)

Скопје - Почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“. (Јавна соба/21:00)

Локални избори 2025:

Скопје - ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе одржат митинзи во Сарај (15:45), Чаир (17:00), Аеродром (18:15) и во Гази Баба (19:30)

Скопје - Изборниот карван на СДСМ и коалицијата ќе одржат митинзи во Илинден (17:30), Петровец (17.30), Шуто Оризари (17:30), Бутел (18:30 ) и во Чучер Сандево (20:00)

Скопје - Митинг на Коалицијата ВРЕДИ. (Кај стадионот во Чаир/19:00)

Скопје - Прес-конференција на кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски. (штаб спроти Тренд/11:00)

Скопје - Прес-конференција на кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова. (седиште на СДСМ/11:00)

Скопје - Прес-конференција на кандидатот на ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити. (Штабот на ВРЕДИ-Плоштад Скендербег/11:00)

Скопје - Претседателот на ПП Левица, Димитар Апасиев, пратеникот Амар Мециновиќ, кандидатот за градоначалник Златко Тренчевски, носителот на листа, Маја Никодиновска, и останатите кандидати за советници ќе одржат средби со граѓани. (Трговски центар - Автокоманда/18:00)

Скопје - Претседателот на ПП Левица, Димитар Апасиев, пратеникот Амар Мециновиќ, кандидатот за градоначалник, Александар Димитријевиќ, носителот на листа, Дејан Димовски, и останатите кандидати за советници ќе одржат средба со граѓани. (Парк ,,Ѓорче Петров"/20:00)

Скопје - Прес-конференција на Зелен хуман град. (Железничка станица на улицата пред Skopje event Center/17:30)

Скопје -  Прес-конференција на кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ од Движењето ЗНАМ - За Наша Македонија. (х.„Хилтон“/12:00)

Скопје - Прес-конференција на кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од редовите на Националната алијанса за интеграција (НАИ), Бујар Османи. (седиштето на ДУИ во Чаир/11:00)

Скопје - Прес-конференција на потпретседателот на Демократската унија за интеграција, Арбер Адем и кандидатот за градоначалник на општина Тетово, Бајрам Реџепи. (седиште на ДУИ/12:00) 

Тетово - Прес-конференција на носителот на листата на советници од коалицијата ВРЕДИ, Алби Ќамили. (Изборен штаб на ВРЕДИ/13:00)

Скопје - Прес-конференција на кандидатот за градоначалник на СДСМ за општина Ѓорче Петров, Костадин Ацевски. (кај црвката Св. Архангел Гаврил, Ново Село, Ѓорче Петров/11:30)

Скопје - Средба на Стопанската комора на Северозападна Македонија со независниот кандидат за градоначалник на Општина Гостивар,  Висар Адеми. (Простории на СКСЗМ/12:00, изјави за медиуми/13:15)

Скопје - Независниот кандидат за градоначалник на Град Скопје Горан Марковски ќе одржи предавање: „На час со Марковски… Диши, диши, јавно здравје во хаотичен град“. (Градска библиотека „Браќа Миладиновци“/19:00) 
 ___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан