• сабота, 27 април 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

24 ноември 2023 

Скопје - Седница на Анкетна комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија. (Собрание, Сала 5/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала „Борис Трајковски“/11.00) 

Скопје - Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика, Оливер Спасовски и Јованка Тренчевска и координаторката на канцеларијата на УНФПА во земјава, Афродита Шаља ќе се обратат на настанот за почеток на кампањата „Сложувалка“ по повод отпочнување на 16 дена активизам за борба против насилство врз жените. (Македонска опера и балет, фоаје/20:00)

Скопје - Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, министерот за правда, Кренар Лога и раководителот на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, Олег Солдатов ќе се обратат на јавната расправа за предлог Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка. (Клуб на пратеници/10:00)

Кавадарци - Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во посета на Општина Кавадарци каде ќе го посетата објектот „Сонце“ од ЈОУДГ „Рада Поцева“ (https://www.petalmaps.com/place/?z=18&marker=41.429375,22.006947&utm_campaign=poi_share&name=%5BMarked+Location%5D&utm_source=com.viber.voip&utm_medium=00111:00) и ќе извршат увид во реконструирана улица „Димката Ангелов Габерот“, (https://www.google.com/maps/place/Dimkata+A.+Gaberot,+Kavadarci/@41.4369294,22.0157032,17z/data=!3m1!4b1!4m6!3m5!1s0x135665a70e1ec36d:0x9a19d5d16be6d0eb!8m2!3d41.4369294!4d22.0157032!16s%2Fg%2F1tljnvc7?entry=ttu11:45)

Скопје - По повод светската кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство врз жените“ под покровителство на сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, Сојуз - Национален совет за родова рамноправност организира панел-дискусија на тема „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“. (Кабинет на претседателот на Република Северна Македонија/11:00)

Тетово - Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами ќе одржи прес-конференција. (Пред градскиот стадион/10:30)

Тетово - Советот за социјална заштита на Општина Тетово ќе ја одржи третата седница. (Општина Тетово/14:30)

Скопје - Прес-конференција на Европскиот сојуз за промена. (пред Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците/13:00)

Скопје - Амбасадата на Грција во Скопје, Канцеларија за јавна дипломатија, во соработка со Меѓународното друштво на пријатели на Никос Казанѕакис (ΔΕΦΝΚ), организираат настан за животот и делото на Никос Казанѕакис. (Филозофски факултет при УКИМ/12:30) 

Скопје - Регионална конференција на Националното здружение на медицински сестри техничари и акушерки (ЗМСТАМ) на тема “Градење на капацитети на силен глас на медицински сестри и акушерки, Грижа за работната сила“. (х.„Александар Палас“/9:00)

Скопје - Синдикалната организација на Судскиот совет ќе даде изјавите за медиумите. (Пред зградата на Судскиот совет/10:00)

Скопје - Претставници на Синдикатот на УПОЗ и Независниот синдикат ќе дадат изјави. (Пред Собрание на РСМ/11:30)

Скопје - Хакатон во организација на БЕСТ Скопје.

Скопје - Здружението на граѓани Институт за туризам, едукација и менаџмент – ИТЕМ, Северна Македонија заедно со партнерските организации Srednja sola za gostinstvo in turizem Maribor - Словенија и Europe Route Education Youth Sports and CultureAssosiation-ERA Турција организира завршна конференција на проектот „Бариста - совршен познавач на кафе! - Поддршка на младите баристи од ЕУ“. (х.„Хилтон“/11:00)

Скопје - Промоција и презентација на туристичката понуда на Белград. (х„Хилтон“, сала Платинум/13:00)

Скопје - Прес-конференција по повод премиерата на претставата „Пикник на фронтот“ на која ќе говорат режисерот Андреј Цветановски и актерската екипа. (Драмски театар/11:00)

Скопје - Промоција на книга „Велко Тодевски: уметност и педагогија на контрабас“ од Нора Бајрами. (Музеј на Македонската борба/12:00)

Скопје - „Фрагментирани реалности“ изложба на Страхил Петровски. (КИЦ, Салон Империјал 1 и 2/20:00)

Скопје - „Политичарење“, самостојна изложба на Андреј Марјановиќ. (Отворено графичко студио-Музеј на град Скопје/21:00)

Битола - Изложба на грамофонски плочи од колекцијата на Петар Ставрев. (Народен театар, фоаје/19:30)

Битола - Фестивал „Музика од Светот“. (Народен театар/20:00)

Скопје - Ретроспектива на филмски остварувања на „Петра Пан продукција“ со проекција на документарниот филм „Бабичките на револуцијата“. (Кинотека/18:00)

Скопје - Предавање на тема „Современа тантра - нови димензии на партнерската љубов и духовност“ на Гуру Макаја. (КИЦ, Салон 19:19/20:00)

_______________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан