• четврток, 04 декември 2025

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

3  октомври 2025 

Скопе - Државната изборна комисија ќе одржи две јавни седници. (ДИК/11:00 и пренос во живо на Јутјуб каналот на ДИК https://www.youtube.com/@secmk499/streams)

Скопје - Државната изборна комисија во соработка со Меѓународната фондација за изборни системи (IFES) ќе одржи работилница за новинари, со цел размена на искуства и продлабочување на разбирањето за изборниот модел за локалните избори. (х.„Парк“, конференциска сала Њујорк/13:00)

Скопје - Прес-конференција на генералните директори на Фондот за здравствено осигурување Сашко Клековски и Бранко Аџигогов. (ФЗО, сала за состаноци/10:30)

Охрид - Годишно стручно советување ПОДЕКС – ПОВЕКС 2025, во организација на Здружението на рударски и геолошки инженери на Македонија. (х.„Гранит“/19:00, пристигнување и регистрација/17:00)

Скопје - Меѓународна конференција: „Применети економски истражувања: пат кон оптимални национални стратегии и политики во турбулентни времиња“ во организација на Економски факултет – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. (УКИМ, Економски факултет, амфитеатар 2/9:00)

Скопје - Прес-конференција за научната и стручна конференција „Триесет години од атентатот на Киро Глигоров, претседател на Република Македонија и врховен командант на АРМ“ во организација на поранешните професори на Факултетот за безбедност Иван Бабановски, Цане Мојаноски и Гроздан Цветковски. (Малиот неформален културен центар, „Бифе Тафталиџе“, Алуминка (до Базаро), Партизански одреди 70 б/10:00)

Штип - Факултетот за образовни науки ќе одржи јавно предавање/работилница на тема „Учителот во ера на вештачка интелигенција“. (Факултет за образовни науки, предавална бр. 1/13:30, изјави за медиумите/13:15) 

Скопје - Предавање на тема „Political History of Japan after the WARS” на професор д-р Taro TSUKIMURA од Јапонија. (Филолошки факултет “Блаже Конески” при УКИМ, Сала за седници/10:00)

Скопје - ЕПИ во рамките на регионалниот проект „Следење на реформи и раст во Западен Балкан“ организира брифинг/обука за новинари за Планот за раст за Западен Балкан и Реформската агенда за Северна Македонија. (Нано бар/9:00)

Тетово - Градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами ќе одржи прес-конференција. (Во близина на детската градинка „Младост“/11:30)

Скопје - Прес-конференција на приватните превозници - Јофи Бус, Вестор Транс, Радос Компани. (Транспортен центар/10:00)

Скопје - Изјава за медиумите на претседателот на СУТКОЗ Стојанче Кашиковски и Синдикалните преставници од ДООЕЛ Флораком и ДООЕЛ Луна. (бул Илинден кај Фонтана Матично/10:30)

Скопје - Проекција на еко-филмот наречен „Еко-Скоп“, од уметникот Коле Манев, во организација Гоу Грин и Чешката Амбасада во Скопје. (Кинотека/10:00)

Битола - Изложба цртежи и графики, дела од творештвото на Ранко Струмениковски. (Офицерски дом/20:00)

Софија - Kолоритот на генијот - изложба на Мирослав Масин. (Македонски културно-информативен центар/18:30)

Скопје - Отворање на изложбата KONNTRA – XS, S, M, L, XL, организирано во рамките на BIMAS/2025. (Историски музеј и Галерија на уметности - Сули Ан/19:00)

Скопје - Меѓународна групна изложба со жени - уметнички од земјава, Грција, Србија и Кипар, под наслов Скриеното трето: Некаде помеѓу присуството и отсуството. (Мултимедијален центар Мала станица/20:00)

Скопје - Националната опера и балет ќе ја отвори новата сезона 2025/2026 со едно од најмоќните и најемотивни ремек-дела во историјата на класичната музика „Реквием“ од Волфганг Амадеус Моцарт. (20:00)

Скопје - Одбележување 13 години постоење на Skopje City Mall со концерти и креативни работилници. (Skopje City Mall/18:00)

Локални избори 2025:

Новаци/Могила/Битола - Митинзи на ВМРО-ДПМНЕ, Вистинскиот избор твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! во Новаци (17:00), Могила (18:30) и во Битола (20:30)

Дебарца/Вевчани/Струга/Охрид - Изборниот караван на СДСМ и коалицијата Се бориме за нашиот дом! во Дебарца (17:30), Вевчани (17:30), Струга (18:30) и во Охрид (20:00)

Скопје - Кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски ќе одржи прес-конференција за промоција на проекти за Општина Чаир. (пред ТЦ „Чаирчанка“/11:45)

Скопје - Изјави за медиуми на Каја Шукова, кандидатка за градоначалничка на Скопје од СДСМ и Коалицијата и на Оливера Ливрниќ, кандидатка за градоначалничка на Бутел од СДСМ и Коалицијата. (општина Бутел, локација https://maps.app.goo.gl/tGpyHQ445o3yEgn46?g_st=aw/10:00)

Скопје - Прес-конференцијата на кандидатот за градоначалник на општина Чаир од Коалицијата ВРЕДИ Изет Меџити. (Кај Здружението на пензионерите во Чаир во населба Топанско Поле, локација: https://maps.app.goo.gl/qsprHGAvzL8ECoHy5?g_st=ipc/11:00)

Гостивар - Претставување на изборната програма на кандидатот на коалицијата НАИ за градоначалник на Општина Гостивар, Валбон Лимани. (Центар за култура, мала сала/14:30)

Гостивар - Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, кандидатот за градоначалник на Општина Гостивар, Дарко Грујоски, носителот на листа, Никола Исаковски, и останатите кандидати за советници ќе одржат средби со граѓани. („Боа бар" - Гостивар, изјави за медиуми во канцеларијата на ЛО Гостивар/16:00)

Гостивар - Презентација на Изборната програма 2025–2029 на кандидатот за градоначалник на Општина Гостивар, Висар Адеми. (I-Can Гостивар/18:00,  https://maps.app.goo.gl/Pspb44KLqYzHcorz8)

Скопје - Прес-конференција на Политичката партија ДЕМОКРАТИ. (Пред Уставен суд/12:00)

__________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан