• среда, 15 мај 2024
МИА Најави МКД (ДПЛ)

8 мај 2024

Претседателски и Парламентарни избори 2024: 

Скопје - Прес-конференции на Државната изборна комисија (ДИК) за известување за текот на гласањето и за излезеноста на Претседателските  и Парламентарните избори. (9:30 /11:30 /13:30 /15:30/ 17:30/ /19:00)

-Прес-конференција на ДИК за првичните резултати добиени по електронски пат, во живо (19:30) и за објавување на првичните неофицијални резултати (23:30)

Скопје - Шефицата на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР Џилијан Стирк ќе го посети гласачкото место број 2847 во ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, општина Центар. (11:00)

Скопје - Специјалниот координатор на ОБСЕ, Николоз Самхарадзе, и шефот на мисијата на ПС на ОБСЕ, Карина Одебрик, ќе ги посетат гласачките места бр. 2805/1 и бр. 2809 во ОУ „Киро Глигоров“ во Капиштец (10:00)

Скопје - Актуелниот претседател на државата и кандидат за втор мандат, Стево Пендаровски, ќе гласа на избирачкото место 2489 во сала на МЗ Автокоманда, ул.„Лазар Поп Трајков“ бр.24, општина Гази Баба. (12:00)

Скопје - Изборниот штаб на кандидатот за претседател Стево Пендаровски организира следење на изборните резултати од вториот круг на Претседателските избори 2024. (Медија-центар во хотел „Александар палас“/18:00) 

Скопје - Кандидатката за претседател на државата Гордана Сиљановска-Давкова избирачкото право ќе го оствари во ОУ „Коле Неделковски", општина Центар. (13:00, изјава за медиумите по гласањето)

Гостивар - Техничкиот премиер Талат Џафери ќе го оствари своето гласачко право на избирачко место бр.502, во ОУ „Форино“. (10:00, изјава за медиумите по гласањето)

Скопје - Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски ќе гласа во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, општина Центар. (8:00, изјава за медиумите пред училиштето / 8:15)

Куманово - Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев правото на глас ќе го оствари во ООУ „Крсте Мисирков”. (11:30, изјава за медиумите по гласањето)

Скопје - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе го оствари своето избирачко право на избирачкото место во ОУ „Димо Хаџи Димов“, во Влае, општина Карпош (12:30 часот, изјава за медиуми по гласањето)

Скопје - Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и носител на кандидатската листа на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во ИЕ 1, Димитар Ковачевски, своето гласачко право ќе го оствари на избирачкото место 2606 во ОУ „Јан Амос Коменски“ во Тафталиџе. (11:00,  изјава за медиуми по гласањето)

Куманово - Претседателот на Движењето ЗНАМ - ЗА наша Македонија Максим Димитриевски ќе гласа на избирачкото место 1025. (ОУ „11 Октомври“, ул. „Тодор Велков“ бб/13:00, изјава за медиумите по гласањето)

Гостивар - Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, ќе гласа во ОУ „Башкими“. (12:00)

Тетово - Претседателот на Движењето Беса Биљал Касами ќе гласа во Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ - Тетово. (13:00)

Скопје - Коносителот на листа на кандидати за пратеници од Изборна единица 2, предводена од СДСМ и „Коалицијата за европска иднина“ Фатмир Битиќи ќе гласа на избирачкото место 2909. (ОУ „Живко Брајковски“, ул.„Хо Ши Мин“ бб, општина Бутел/11:00, изјава за медиуми по гласањето) 

Скопје - Прес-конференции на ЦИВИЛ - Центарот за слобода за наоди од мониторинг од изборниот процес. (Прес-центар на ЦИВИЛ /10:30 /14:00/ 18:00 /20:30, во живо на Фејсбук-страната на организацијата и на видеоканалот на YouTube)

******

Криволак - Прелети на воздухоплови и изведување падобрански скокови на АП Криволак во рамки на вежбата „Swift Response 24“ кои ќе бидат проследени од амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Анџела Агелер, и командантот на Командата за обука и доктрини, полковник Васко Коколански. (Полигон „Криволак'/17:30,  амбасадорката Агелер во обиколка на инженериските единици/16:45; Пристигнување на медиумите пред влезот на АП „Криволак“/16:20)

 

_________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан