• среда, 15 мај 2024

МИА Најави МКД (КРГ+ ДПЛ)

МИА Најави МКД (КРГ+ ДПЛ)

31 јануари 2024 

Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје - Седница на Комисијата за европски прашања (Сала 4 /11:30)

Скопје - Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата организира работна средба со заинтересираните синдикати во врска со законите кои се на дневен ред на Комисијата за европски прашања. (Собрание/10:00)

Скопје - Прес-конференција на министерот за економија Крешник Бектеши. (Прес-центарот на Владата/ 11:00) видео материјалот можете да го преземете од преносот во живо со висока ХД резолуција преку следните линкови:

Прес-конференцијата на македонски јазик : https://www.youtube.com/watch?v=i0De3iDVAKE

Прес-конференцијата на албански јазик: https://www.youtube.com/watch?v=aYCFqi4oSwY 

Скопје - Министерот за здравство Фатмир Меџити и заменик министерката за здравство Маја Манолева ќе ја посетат Универзитетската клиника за урологија по повод 500-та трансплантација на бубрег. (Универзитетска клиника за урологија/10:30, изјави за медиуми по посетата)

Скопје - Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и директорот на ЦНВП, Нехат Рамадани ќе се обратат на настанот на тема „Локален пристап кон активна заштита на животната средина и ублажување на климатските промени“. (Клуб на пратеници/10:00)

Скопје - Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска и претседателот на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Александар Николовски, ќе потпишат Меморандум за соработка. (Министерство за култура/10:00, изјави за медиумите по потпишувањето на Меморандумот)

Скопје - Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски и надлежниот јавен обвинител Ана Гоговска Јакимовска ќе одржат брифинг за новинари во врска со предметот за работата на Клиниката за онкологија. (10:30/изјава за медиумите од обвинителката Гоговска Јакимовска)

Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата, по повод завршување на мандатот ќе одржи брифинг со новинари. (Простории на ДКСК/10:00, брифингот ќе се одржи без камери, изјави за медиумите се предвидени по завршување на настанот)

 Скопје - Седница на Уставен суд. (Уставен суд/9:30)

Скопје - Прес-конференција на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. (Работнички дом, зграда на ССМ, 10 кат/12:00)

Штип - Изјава на градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов во врска со униформите за учениците во основните училишта. ( OOУ „Тошо Арсов/10:00)

Скопје - Доделување новинарските награди за 2023 на тема „Справување со загадувањето на воздухот во РС Македонија“ во организација на Здружението на новинари на Македонија во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). (Клуб на новинари/14:00)

Скопје - Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и директорот на ЦНВП, Нехат Рамадани ќе се обратат на настанот на тема „Локален пристап кон активна заштита на животната средина и ублажување на климатските промени“. (Клуб на пратеници/10:00)

Скопје - Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски и надлежниот јавен обвинител Ана Гоговска Јакимовска ќе одржат брифинг за новинари во врска со предметот за работата на Клиниката за онкологија. (10:30/изјава за медиумите од обвинителката Гоговска Јакимовска)

Фото и Видео материјалите се достапни за корисниците на МИА, за превземање контакт мејл mia@mia.mk

_______________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан