• петок, 26 април 2024
МИА Најави МКД (ДПЛ)

27 март 2024

Скопје – Претседателот на Собранието  Јован Митрески ќе се сретне со Делегација на ад-хок Комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори во Република Северна Македонија. (Сала на Влада/ 10:15 – 10:45)

Скопје – Финален настан на едукативната активност „ИМАМ СТАВ“ во Собранието за ученици од средните училишта во Република Северна Македонија. (сала „Борис Трајковски“/ 10.00, прогласување на победниците. (11:45 – 12:30)

Скопје –  Состанок на министрите за европски прашања на земјите-учеснички на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). (х. Хилтон, фото и инсерти, 12:00, изјави за медиуми 15:00) 

Скопје – Централна свеченост за одбележување на четири години од членството на Северна Македонија во НАТО и одбележување на Денот на Генералштабот, со обраќање на првиот вицепремиер Бојан Маричиќ и министерката за одбрана Славјанка Петрова. (на платото пред Министерство за одбрана/ 11:30, претставниците на медиумите да пристигнат најдоцна до 11:10)

-Централна свеченост во живо на македонски јазик

-Централна свеченост во живо на албански јазик

-Централна свеченост во живо на англиски јазик

Скопје – Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ќе одржи традиционален настан со дипломатскиот кор, со што ќе се одбележи почетокот на Деновите на НАТО во државава, кои ќе траат сѐ до 4-ти април. (х. „Холидеј Ин“/ 9:00, медиумските екипи да пристигнат најдоцна до 8:50)

Свети Николе – Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова и помошник директорот на ЈП „Национални шуми“ Маре Басова ќе присуствуваат на настан за одбележување на почетокот на подготовката на Законот за заштита на почвите и на активностите за пошумување на територија на Република Северна Македонија во рамки на проектот „Промовирање на одржливо управување со земјиштето, преку зајакнување на правната и институционалната рамка, градење на капацитети и обновување на најранливите планински предели подобрувајќи го управувањето со заштитените подрачја”. (во близина на ветропаркот Богословец, Свети Николе/ 10:00, заинтересираните медиуми треба да дојдат на збирното место на локацијата:  https://www.google.com/maps/place/BIM+a.d.+Sveti+Nikole/@41.8029929,22.0053879,15z/data=!4m6!3m5!1s0x1355cfb7b2256d03:0x5615f8a2dd8262a0!8m2!3d41.8031196!4d22.0104103!16s%2Fg%2F11bbt5lsr7?entry=ttu во 9:45)

Скопје - Државната изборна комисија ќе одржи јавна седница. (11:00) Седницата ќе се емитува и во живо на Јутјуб каналот на ДИК.
https://www.youtube.com/@secmk499/streams

Скопје - Уставниот суд ќе ја одржи 10. седница со дневен ред на кој е предвидено да се дискутира за 15 предмети кои Судот ги оформи по сопствена иницијатива, а се однесуваат на одредби од деловниците за работа на 15 општини. ( 9.30) 

Кичево - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, ќе изврши увид во активностите за изградба на системот за наводнување на земјоделско земјиште Колибари, општина Кичево, по што ќе има изјава за медиуми. (локација  https://maps.app.goo.gl/eS9t8x2xHQEFkgBR7 /14:00)

Скопје – Форум за разумни политики во соработка со партнерските организации Институтот за општествени и хуманистички науки и Балканскиот институт за регионална соработка организираат тематски форум: „Густа плетка: за потребата од вмрежување на образованието, науката и економија базирана на иновации“. (х. „Панорамика“/ 10:00)

Скопје – Институтот за комуникациски студии (ИКС) организира конференција на тема: „Како да комуницираме за животната средина во растечката еколошка криза: практични искуства и нови перспективи“. (х. „Холидеј Ин“, сала „Милениум 1“/ 10:00 – 13:30)

Скопје – Медиуми 2040 во Северна Македонија: Препораки. (Правен факултет „Јустинијан Први“, Нова сала за HHC/ 10:30 – 12:30)

Штип – Свечена академија по повод 17 години од постоењето на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. (Мултимедијален центар на УГД, Економски факултет/ 12:00, изјави за медиумите во холот при влезот во објектот на Економскиот факултет при УГД/ 11:45)

Скопје – Промоција на софтверска платформа наменета за дигитализација и стандардизација на градежниот процес. (х. „Хилтон“, прием 11:30 – 12:00, презентација на проектот/ 12:00 – 13:00, коктел/ 13:00 – 14:00)

Скопје – Заедничка прес-конференција на Макстил и СОС Детско село. (Национална канцеларија на СОС Детско село, на ул. „Ристо Шишков“, бр. 31/ 9:30)

Скопје – Прес-конференција на ГРАДИМЕ ИДНИНА СКОПЈЕ. (ЈЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир/ 11:00)

Скопје – Завршна конференција „Пристап до правда за маргинализирани заедници 2.0“. (Europe House Скопје/ 11:00)

Битола – Завршна конференција на проектот „БАИР - Здружена Акција на Битола за вклучување на Роми”. (Офицерски дом/ 12:00 – 14:30)

Скопје - Прес-конференција на претставници на образовните асистенти во Скопје. (пред Град Скопје/11.00) 

Скопје - Прес-конференција на Конфедерација на синдикални организации на Македонија (КСОМ) за протест во Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13. Ноември“ - Скопје во Ѓорче Петров. (на влез на болницата/11:00) 

Скопје – Стопанската комора на Северна Македонија ќе одржи работен состанок со претставници на ВМРО-ДПМНЕ. (Стопанска комора на Северна Македонија, кат 5, инсерти од средбата/ 10:00, изјави за медиумите ќе дадат претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски/ 10:15)

Скопје - Политичките партии ГРОМ – Граѓанска опција за Македонија, ИНТЕГРА - Македонска конзервативна партија и ПЦЕР – Партија за целосна еманципација на Ромите ќе потпишат коалициски договор за заеднички настап на претстојните парламентарни избори. Договорот ќе го потпишат партиските лидери Стевчо Јакимовски, Љупчо Ристовски и Самка Ибраимовски, а потоа ќе бидат објавени и носителите на избирачките листи. (х.„Александар Палас“/12:00)

Гостивар – Прес-конференција на претседателот на ДУИ, Али Ахмети по повод потпишување на коалицискиот договор со Турската демократска партија. (Дом на културата/ 12:00)

Скопје - Претставници на Демократската Унија за Интеграција на работна средба со претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Менди Ќира и членовите на Управниот одбор, по што се предвидени изјави за медиумите. (Стопанската комора на Северозападна Македонија/14:00) 

Скопје – Институтот Охрид организира панел дискусија на тема: „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните ризици“. (х. „Александар Палас“, Конгресна сала 3/ 10:00)

Скопје - Прес-конференција на Коалицијата „ВРЕДИ“. (Канцеларии на коалицијата, кај плоштадот Скендербег/12:00)

Скопје -   Прогрес Институт организира панел дискусија за говорот на омраза врз жените во политиката. (Мала станица/14.00, изјави за медиуми 15:30)

Скопје – Драмскиот театар Скопје по повод 27 Март - Светскиот ден на театарот ќе го одбележи со повеќе активности: организирана посета на театарот од страна на неколку групи на ученици од основните училишта, промоција на Монографијата на Ристо Стефановски, основачот на Драмски театар (18:00) именување на големата театарска сала во сала „Ристо Стефановски“ (19:00) и изведба на претставата „Мојот маж“ во режија на Нела Витошевиќ (20:00)

Скопје – Театар Комедија, 27 Март – Светскиот ден на театарот ќе го прослави со првата премира за оваа година на претставата „Пар распар“ од Нил Сајмон, во режија на Нина Николиќ. (голема сцена Театар Комедија/ 20:00)

Скопје – Театар „Чекори“ по повод 27 Март – Светскиот ден на театарот ќе ја изведе претставата „End&Start game" по делото „Крај на играта“ од Семјуел Бекет, во режија на Снежана Коневски - Руси. (Дом на културата „Димитар Влахов“, Автокоманда/ 20:00)

Скопје – Промоција на стихозбирката „Песнило“ од Ива Петреска. („Кафе Лаб“ („Лабораториум“/ 20:00)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан