• недела, 22 декември 2024
МИА Најави МКД
11 октомври 2022  Скопје - Врачување на државната награда „11 Октомври“ за 2022 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија. (Собрание на Република Северна Македонија/ 12:00) Куманово/Скопје/ Прилеп – По повод одбележувањето на државниот празник 11-ти Октомври – Ден на народното востание, Владата на Република Северна Македонија, пред Спомен - костурницата во Куманово организира централен свечен настан за одбележување на државниот празник под мотото „Секогаш на вистинската страна“. (пред Спомен костурницата во Куманово/ 9:30 – 11:30) - Владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, а во состав на Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика и Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација ќе положи свежо цвеќе на Спомен – костурницата. (9:30) - Настанот продолжува со културно уметничка програма на платото пред Спомен - костурницата и со обраќање на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски (10:45) Скопје – Владина делегација предводена од вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, а во состав на Александар Бајдевски, заменик-министер за информатичко општество и администрација и Башким Хасани, заменик-министер за одбрана ќе положат свежо цвеќе на споменикот на ,,Ослободителите на Скопје”. (11:15, по што вицепремиерката Грковска ќе даде изјава по повод празникот) Прилеп – Владина делегација во состав на Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерка за култура, Владимир Рендевски, заменик-министер за здравство, Џемил Ќамили и директор на Агенцијата за развој на земјоделство ќе учествува на настан во Општина Прилеп. (пред споменикот „Методија Андонов – Ченто“/ 9:30) Тирана – Министерот за правда Никола Тупанчески и заменик министерот за правда Агим Нухиу ќе престојуваат во работна посета на Тирана. Куманово – Традиционален празничен пикник по повод 11-ти Октомври, Ден на народното востание и обраќање на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во организација на Општинската организација на СДСМ од Куманово. (во Спомен – костурницата/12:00, обраќање на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски/ 12:30) Скопје – Концерт на воениот оркестар по повод 30-годишниот јубилеј на Армијата и во чест на Денот на народното востание. (директен пренос на третиот програмски сервис на Македонската национална телевизија МРТ, како и на Јутјуб каналот и фејсбук профилот на Армијата/ 20:00) Прилеп – По повод 11-ти Октомври - Ден на народното востание на македонскиот народ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски ќе положи свежо цвеќе. (кај Могилата на непобедените — меморијален комплекс во Спомен паркот на Револуцијата/10:00) - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески ќе изврши увид на изградба на водоводна канализација кај местото Пашовски ливади (11:00), како и на градежни активности на Плоштадот во Прилеп (11:45), по што изјава за медиумите ќе даде Христијан Мицкоски/ 11:50) Битола – Музички рецитал на пијано со германскиот уметник Кристијан Солдан. (Офицерски дом/ 20:00) ______________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Тагови

Остани поврзан