• петок, 17 мај 2024

МЗШВ: Вложуваме во изградба на нови системи за наводнување, обезбедуваме вода за 20.000 хектари земјоделски површини

МЗШВ: Вложуваме во изградба на нови системи за наводнување, обезбедуваме вода за 20.000 хектари земјоделски површини
Скопје, 8 август 2022 Обезбедување на редовно и навремено наводнување на земјоделските површини е наш главен приоритет како министерство. Како никогаш до сега Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство вложува во реализација на капитални проекти за изградба на нови системи за наводнување. Ја започнавме и активно работиме на изградбата на браната Конско, една од најголемите капитални инвестиции во делот на наводнувањето вредна повеќе од 2,6 милијарди денари, која се реализира со буџетски средства на Владата. Ова е најголем капитален проект за водоснабдување во последните 50 години, со кој овозможуваме наводнување за повеќе од 4000 хектари земјоделско земјиште во гевгелиско поле. Уште еден голем проект на кој МЗШВ работеше е проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар вреден 24 милиони евра. По примерот на овој систем МЗШВ последната година преку KfW обезбеди дополнителни 120 милиони евра, средства наменети за подготовка на проектна документација за системите Конско, Лисиче, Страиште, Пепелиште каде се обезбедува наводнување за вкупно 15.500 хектари земјоделско земјиште. Дополнително со ребалансот на буџетот за 2022 година 450 милиони денари, нови дополнителни средства за реализација на капитални инвестиции во делот на водоснабдувањето за проектите Конско, Равен – Речица и Речани. Обезбедивме финансиска поддршка од Европската Унија, преку средства од ИПА фондовите, и заедно градиме нови седум мали нискотрошковни системи за наводнување во вредност од 8,3 милиони евра, преку кои се обезбедува наводнување за 1.245 хектари земјоделско земјиште. Преку овој проект за мали нискотрошковни системи ги градиме системите во Конопница, Пишица и Теарце во вредност од 2,3 милиони евра, средства обезбедени преку ИПА фондовите, со кои се обезбедува наводнување за нови 370 хектари земјоделско земјиште. Системот за наводнување Чаушица е веќе завршен, а во завршна фаза е и системот Славишко Поле. Ова се уште два капитални проекти за наводнување на земјоделско земјиште поддржани од ИПА фондовите на Европската Унија во вредност од е 2,5 милиони евра. Со изградбата на овие системи дополнително овозможуваме наводнување за дополнителни 300 хектари земјоделско земјиште. Дополнително преку поддршка од ИПА фондовите на ЕУ обезбедивме средства во вредност од 3,5 милиони евра, наменети за изградба на хидросистеми за наводнување во Сопот и Новаци, кој обезбедуваат наводнување за нови 590 хектари земјоделско земјиште. Покрај капиталните инвестиции, МЗШВ преку Програмата за Рурален развој дава поддршка на земјоделците за набавка на модерни системи за наводнување на земјоделските површини. Интересот кај земјоделците за оваа мерка е од година во година се поголем. Со последниот јавен повик за оваа мерка беа доделени вкупно 322 договори за финансиска поддршка на земјоделците за набавка на модерни системи за наводнување во вредност од 75 милиони денари. Сите овие инвестиции кои како министерство и Влада ги реализираме имаат за цел да овозможуваме достапност на земјоделците до соодветни системи за наводнување, помали трошоци за работа и поголема конкурентност, но најважно да овозможуваме поголем принос и поголем квалитет на земјоделските култури. Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ______________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан