• петок, 02 јануари 2026

Проблемите надминати, платата исплатена: МЖ Транспорт продолжува непречено да работи

Проблемите надминати, платата исплатена: МЖ Транспорт продолжува непречено да работи

Скопје, 2 јануари 2025 (МИА) - Железничкиот сообраќај во државава од попладнево се нормализира целосно откако по делумниот бојкот во кој стапи вчера дел од машинскиот и извршен персонал денеска е заокружена исплатата на ноемвриската плата и се работи на реализирање на останатите барања. 

На средба со државниот секретар во Министерството за транспорт Стефан Волкановски во врска со делумниот бојкот на поголемиот дел од машинскиот и извршниот персонал во МЖ Транспорт отворено е разговарао за проблемот и е надминат.

- Исплатен е вториот дел од платата за месец ноември 2025 година и се работи активно на реализирања на останатите барања на Синдикатот.  МЖ Транспорт продолжува со непречена тековна работа и останува во тесна координација со државните институции за надминување на предизвиците со кои се соочува претпријатието, потврдуваат од Министерството за транспорт. 

Првите возови што ќе стартуваат попладне по прекинот на делумниот бојкот  се на релациите Скопје - Гвегелија во 16:55 часот и Скопје - Куманово во 16:57 минути. 

Во тек на бојкотот што почна вчера во 04.47 часот сообраќаа поголемиот дел од товарните возови. 

Првиот дел од плататата за ноември е исплатен на 18-ти минатиот месец, а со денешната исплата се заокружува ноемвриската плата, додека продолжува координацијата за  реализација на барањата на синдикатот за  исплата на прекувремени часови, бонус плата за над 150 прекувремени часови, покачување на коефициентот за 0.80 поради зголемени животни трошоци, исплата на додаток од 10 отсто на платата за вонредно повикување на работа...лв/вг/

фото: МИА архива 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан