• четврток, 14 ноември 2024

МЖСПП: Обезбедени 50 милиони евра за подобрување на водната инфраструктура во општините

МЖСПП: Обезбедени 50 милиони евра за подобрување на водната инфраструктура во општините
Скопје, 16 септември 2022 (МИА) - Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека се обезбедени 50 милиони евра за подобрување на водната инфрструктура на општините, откако  Собранието го усвои Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската инвестициска банка (ЕИБ) по Финансискиот договор за Проектот за таа намена.
Од МЖСПП кое ќе ги реализира кредитираните проекти, велат дека со обезбедените финансиски средства од заемот кај ЕИБ, ќе продолжи поддршката за сите општини за воспоставување на основната инфраструктура за обезбедување на чиста вода за сите жители во државата.
-Проектот за подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија во себе опфаќа: рехабилитација, модернизација и проширување/изградба на инфраструктурата за водоснабдување, инфраструктура за собирање и третман на отпадни води, системи за атмосферска канализација и итни мерки за заштита од поплави, како и за набавка на специјализирана опрема за одржување, информира МЖСПП. лв/са/

Остани поврзан