Меѓународни истражувања покажуваат: Никотинските ќесички*** – помалку штетна* алтернатива за пушачите
Иако потрошувачката на цигари на глобално ниво е со тренд на опаѓање, бројките се намалуваат со премногу бавно темпо. Речиси секоја година околу осум милиони луѓе умираат поради болести поврзани со согорувањето на тутунот од цигарите. Според анализата „No smoke - less harm“ овој податок претставува огромен предизвик за јавното здравје, особено во однос на бројот на животи што би можеле да бидат спасени доколку пушачите започнат да користат помалку штетни* никотински производи.

Ваквата можност беше успешно искористена во Шведска. Драстичното намалување на стапките на пушење во текот на годините беше постигнато преку образованието, мерките за контрола на распространетоста на тутунот и преку усвојувањето и достапноста на помалку штетните* алтернативни никотински производи без чад. Напредокот во Шведска беше потпомогнат и од традиционалната употреба во земјата на снусот**, кој е орален тутунски производ без чад, а сега приматот го преземаат оралните никотински ќесички***. Дел од причините за намалувањето на употребата на цигарите е и тоа што Швеѓаните укажуваат на штетноста од согорувањето на тутунот, но не и на никотинот.
____________________________________________
MИА - ОТС Комерцијални соопштенија
Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.