• петок, 20 декември 2024

Метју Ебден и Џон Пирс станаа шампиони во машки двојки на Игрите во Париз

Метју Ебден и Џон Пирс станаа шампиони во машки двојки на Игрите во Париз

Париз, 3 август 2024 (МИА) - Австралијците Метју Ебден и Џон Пирс ја освоија титулата во машки двојки на тенискиот турнир на Олимпијадата во Париз.

Ебден и Пирс ги победија четвртите носители Ражев Рам и Остин Крајчек (САД) во финалето со 6:7(6), 7:6(1), 10:8 за нешто повеќе од два часа на теренот.

Ова е само второ олимписко злато на Австралија за мажи во двојки, откако Тод Вудбриџ и Марк Вудфорд победија во Атланта 1996 година.

Пирс го додаде златото на бронзата во мешани двојки што ја освои со Ешли Барти на Игрите во Токио.

Ебден се искачи на врвот на светската ранг-листа во двојки во февруари, откако ја освои титулата на Австралија опен со Рохан Бопана, и моментално е третопласиран. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан